Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Меџити: Владата повторно ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за нафта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Меџити: Владата повторно ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за нафта
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Владата повторно ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за нафта

Објавено November 26, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Владата ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за набавка на нафта, вели министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

-Целта на оваа Влада е децентрализација и тоа се покажува и со средствата што се издвоени – оваа година 100 милиони евра за општините, наредната 250 милиони евра, повторно за општините за зајакнување на децентрализацијата. Но, кога не можат општините тука е Владата, бидејќи најбитни ни се граѓаните. Значи и кога не е наша обврска Владата ќе излезе во пресрет…Ние би сакале општините да се јаки и добро изменаџирани, но кога не можат побитни ни се граѓаните, а посебно Скопје кој што е главен град, рече Меџити прашан за коментар со оглед на последните информации дека досега никој не се пријавил на тенедерот за нафта на ЈСП, и дали доколку пропадне тенедерот Владата и понатаму има можност да му помага на ЈСП.

Во однос на набавката на 120 електрични автобуси, тој потврди дека се разговара за тоа и дека никој не спори оти е потребна мерка, а дали можело порано ова да се реализирам, вели подобро подоцна отколку никогаш.

Владата, минатата недела на вонредна седница донесе одлука да додели 250.000 литри нафта како позајмица од државните резерви за ЈСП со цел да се надмине колапсот во јавниот транспорт во Скопје, откако поголем дел од автобусите на јавното сообраќајно претпријатеие останаа во гаражите поради немање гориво. Состојбата е нормализирана, со интервентите колични, но таа е доволна за 10-тина дена, а на барање на раководството на JCП Бирото за јавни набавки одговори позитивно за спроведување итна постапка за набавка на нафта со преговарање.

Во однос на состојбата со општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево кои нема каде да го одложуваат отпадот откако граѓаните на Кочани го блокираа пристапот до градската депонија во таа општина, Меџити рече дека проблемот бил од финансиска природа и дека Владата излегла во пресрет и на ова барање за да се реши краткорочно проблемот.

Финансиски обврските ќе ги преземе Владата и пак ќе се вратат на истата депонија, како досега. Проблемот беше финансиски бидејќи не можеше да се носи со тоа Општина Кочани, и ние одлучивме да им излеземе во пресрет да ги помогнеме финансиски за да се реши овој проблем краткорочно или среднорочно. Бидејќи работиме интензивно со проектот од Европската банка за развој, кредитот што е преземен од Министерството за животна средина 55 милиони евра за регионалните депонии, рече Меџити.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бојко Борисов се повлече: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава!
Следна Статија По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, 61 годишна мајка на свет го донесе Петар, тежок 2350 гр.

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Се уште трае увидот во дискотеката, истрагата ќе биде брза и целосна

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски во првата изјава за медиумите по пожарот во Кочани изјави дека според првичните сознанија најверојатно пиротехничките…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Државата ќе исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков за застарениот предмет „Таргет“

И покрај тоа што предметот „Таргет – Тврдина“ за масовното прислушување во поранешната УБК е застарен веќе речиси две години,…

June 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

АНБ доставиле три известувања до Обвинителство за еден поранешен директор и група вработени

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) доставила три известувања до Јавното обвинителство за еден поранешен директор и група вработени во АНБ…

August 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд се прогласи ненадлежен на предлог законот за независните кандидати

Во врска со барањeто на независните кандидати од десет општини Уставниот суд да реагира на новиот Предлог-закон за измени на…

July 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?