Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Добро е да имаме соседи кои што имаат стабилна политичка влада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Добро е да имаме соседи кои што имаат стабилна политичка влада
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Добро е да имаме соседи кои што имаат стабилна политичка влада

Објавено January 7, 2025 17:40
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да коментира за процесот на преговори околу формирањето нова влада во Бугарија, но оцени дека би било добро Софија да добие стабилна политичка влада

Добро е да имаме соседи кои што имаат стабилна политичка влада. Ако е состојбата таму таква, јас не би сакал да давам коментари и да се мешам во внатрешните работи на друга држава, исто како што не сакам ни мене да ми се мешаат во внатрешните работи на мојата земја. Им посакувам да се надминат разликите и да се формира политичка влада, изјави Мицкоски на новинарско прашање по свечената божествена литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје.

Преговорите на четирите партии во бугарското Собрание за кои се чинеше дека се на чекор до конечен договор за стабилна влада, во неделата беа прекинати од партијата ГЕРБ на Борко Борисов поради несогласување со „Демократска Бугарија“ кој треба да биде следниот премиер.

Бугарскиот претседател Румен Радев вчера изјави дека ќе им даде повеќе време на политичките лидери пред да го предаде првиот мандат, оценувајќи дека тие се однесуваат неодговорно.

Ги повикувам политичките партии да престанат да си играат со судбината на народот и иднината на државата. Ќе дадам уште малку време – неколку дена, со надеж дека преговарачите ќе сфатат дека нивната одговорност не е само пред нивната партија и гласачите, туку и пред целиот бугарски народ, изјави Радев.

Според бугарските медиуми, големи се шансите Бугарија да оди на нови избори напролет, бидејќи по повлекувањето на партијата на Борисов како партија со најсилен мандат, речиси е невозможна веројатноста коалицијата на „Продолжуваме со промената“ и „Демократска Бугарија“, како втори на изборите, да обезбедат поддршка за нивниот владин состав.

Македонската Влада за деблокада на евроинтеграциите, останува на ставот за уставни измени со одложено дејство и е во очекување на формирање стабилна политичка Влада во Софија за дијалог во однос на продолжувањето на евроинтегративниот пат на земјава.

Во новогодишното интервју за МИА, Мицкоски порача дека е подготвен во 2025. да се сретне со високи бугарски претставници за да ги разгледаат сите можности, но вели истовремено по секоја цена нема да бара решение, кое што дополнително ќе ни го отежне овој процес. Вели дека секој договор мора да има јасен и предвидлив крај и затоа се обидуваат да репреговарат почетокот на процесот да биде и крај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ова се најпосетувани градови од туристи во 2024 година
Следна Статија Македонецот Игор Радев во топ 10 синолози во светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Која е причината што Обвинителството молчи за поклонот „Ауди Q8“ од 130.000 евра за Филипче?

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат ека Јавното обвинителство (ЈО) со денови молчи и не презема никакви дејствија во однос на изнесените сомнежи…

June 15, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски: Владата инвестира над 1 милион евра за решавање отпадни води

Го решаваме деценискиот проблем со отпадните води во Трпејца. Владата преку Министерството за транспорт инвестира над 1 милион евра за…

October 17, 2025
ПОЛИТИКА

Герасимовски да одговори, каде отидоа парите за Работнички, прашува Мемов

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија на денешната прес-конференција потенцира дека недомаќинскиот однос на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски…

October 7, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Тендерските мрежи на ДПМНЕ се шират – Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра

Почитувани граѓани, почитувани медиуми, СДСМ денеска објавува нов скандал поврзан со тендерските мрежи на ДПМНЕ поткрепен со докази и факти.…

March 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?