Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски ги повика сите пратеници да гласаат за распуштање на Судскиот совет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски ги повика сите пратеници да гласаат за распуштање на Судскиот совет
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ги повика сите пратеници да гласаат за распуштање на Судскиот совет

Објавено February 7, 2025 13:52
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска од Велес ги повика сите парламентарни политички партии заеднички да работат на реформи во судството, по реакцијата на лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче за иницијативата за интерпелација на членовите на Судскиот совет.

– Процесот треба да е инклузивен, да имаме општествен консензус. Не сакаме ние да имаме ексклузивно право само ние да ги правиме тие измени.

Ги повикувам сите пратеници во Парламентот, ако се согласуваат дека треба да се распушти овој Судски совет кој тие го гласале, да гласаат кога ќе дојде точката на дневен ред.

Да бидат разрешени овие членови на Судскиот совет, а потоа заедно низ еден инклузивен процес да најдеме луѓе, кои ќе мониторираат и ќе идентификуваат судии кои злоупотребуваат тоа што се суди и кои што се причинители поради нивните контраверзни одлуки на некои процеси кои не треба да се случуваат, рече Мицкоски по доделувањето станови на социјално ранливите семејства во Велес.

Мицкоски истакна дека очекувал од СДСМ да бидат порационални во своите изјави. – Мислев дека ќе застанеме зедно еднаш да обезбедиме национален консензус и заеднички да работиме на промените.

Да не биде еднострано, да не бидеме ние обвинети дека правиме нешто кое е дел од коалицијата во Владата. Ги поканувам сите Парламентарни политички партии заеднички да го работиме овој процес.

Да биде инклузивен да не биде дека нешто солираме, изјави Мицкоски. Според него, потребен е општествен консензус за промени и заедничко работење. – Но, неможе никако причината да стане решение.

Причината за вакавата состојба во судството, а тоа е владата која седум години беше таму каде што беше и позади кои одлуки има многу контраверзии и скандали, посебно во судството.

Не сакам да ве потсетувам на шверцерски поминатите измени на кривичниот законик со европско знаме, додаде премиерот.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче вчера излезе со реакција на најавата на премиерот Мицкоски дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет.

Тој смета дека се потребни темелни реформи на правосудството, кои ќе значат независно и ефикасно судство кое ќе обезбеди правда.

– Не смее да дозволиме правдата која ја бараат граѓаните да се претвори во нова партизација и окупација преку смена на Судскиот Совет од страна на власта, напиша вчера Филипче на неговата Фејсбук страница, со барање следните чекори и реформи во правосудството да се прават со консензус на сите партии во Собранието.

Пратеничките групи на партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ денеска до законодавниот дом поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет кои се бираат од страна на Собранието.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дневен хороскоп за Лав – петок, 7 февруари 2025
Следна Статија Дневен хороскоп за Девица – петок, 7 февруари 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ГТЦ пропаѓа: Дуќани се изнајмуваат и за нула денари

Градскиот трговски центар (ГТЦ), некогаш архитектонски и бизнис бисер на Скопје, денес ја носи титулата на едно од најзапуштените и…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Според ОН, Македонија во 2100 година ќе има 52 отсто помалку население!

Перспективи на светското население 2024“, документ на Обединетите нации, предвидува дека Македонија во 2100 година ќе има 52 проценти помалку…

March 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повторно одложено судењето за Веапоска

Родилката од Дебар Јилдиз Веапоска која остана без матка, бубрег и јајник, судницата ја напушти со солзи. Дешното рочиште закажано…

February 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд поведе постапка за Методологијата за Пописот 2021

Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да поведе постапка за оспорените одредби од Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на…

March 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?