Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски најави инвестиција од една милијарда евра- со неа ќе се намали загадувањето на воздухот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски најави инвестиција од една милијарда евра- со неа ќе се намали загадувањето на воздухот
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски најави инвестиција од една милијарда евра- со неа ќе се намали загадувањето на воздухот

Објавено November 14, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Единствен начин за да делуваме на намалување на загадувањето на воздухот веднаш е во оние средини каде се користат дрвата или друг начин на затоплување, најчесто дрвен отпад, а неретко и гуми- не се тие корисници виновни туку социјалната состојба им е таква да бидат приморани, да биде заменета со друг енергенс прифатлив за нив, а тоа е централно затоплување. Како ќе дојдеме до централно затоплување најефтино- преку градба на когенеративни гасни постројки кои во текот на зимата ќе произведуваат и електрична енергија и истовремено топла вода која преку топловодите ќе биде дистрибуирана до средините кои денеска користат енергенс кој за жал емитува ПМ 2,5 и ПМ 10 честички во воздухот и тоа е 60% од факторот кој влијае на загадување на воздухот.

Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој најави потенцијална инвестиција од една милијарда евра, а со која ќе се намали загадувањето на воздухот.

Работиме на неколку такви проекти. Денес имам состанок во Владата со потенцијален инвеститор кој сака да инвестира една милијарда евра во ваков тип на производни капацитети. Се ќе биде по пазарни услови. Преговорите се со инвеститори во кои што моја цел е и државата да биде дел од пакетот, да биде косопственик во самата инвестиција, со земја, со приклучоци… Ќе видиме како ќе завршат овие преговори и ако биде се како што треба, овој процес нема да биде преку ноќ, но ќе почнеме во текот на идната година. Очекувам во период до три години сето ова да се заврши, додава Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриеска-Кочоска: Предлог-буџетот е развоен со социјална компонента
Следна Статија Мицкоски: Барањата на турските бизнисмени се логични и очекувани и како Влада вложуваме максимални напори тоа да биде реализирано

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Се следи состојбата на Блискиот Исток, ако треба да преземеме нешто, ќе биде во рамки на законите

Рано е да се прогнозира колку ќе трае ситуацијата на Блискиот Исток, треба да почекаме, да видиме. Состојбата се следи…

March 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Сиљановска Давкова: Достигнувањата на Институтот за тутун значително влијаат на македонската економија

Преку систематско креирање нови сорти тутун и усовршување на веќе признатите, Институтот за тутун ја осигурува не само стабилноста, туку…

December 5, 2024
ЕКОНОМИЈА

Бараме поголеми плати – порачаа работниците на протестот на ССМ

Попладнево пред Работничкиот дом во Скопје почна протестот во организација на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на кој работниците…

January 28, 2026

Рекорден откуп на риба тон за 3,2 милиони долари на аукција во Токио

Риба тон тешка 535 фунти беше продадена за рекорден износ од 510 милиони јени на годишната аукција во Токио

January 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?