Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Подготвен сум да разговарам било каде и со било кого за да најдеме решение кое ќе го одблокира пристапниот процес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Подготвен сум да разговарам било каде и со било кого за да најдеме решение кое ќе го одблокира пристапниот процес
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Подготвен сум да разговарам било каде и со било кого за да најдеме решение кое ќе го одблокира пристапниот процес

Објавено January 23, 2025 22:18
Сподели
Сподели

Подготвен сум да разговарам било каде и со било кого со цел да најдеме решение со кое ќе се одблокира пристапниот процес, но кое ќе биде трајно, а не инстант и само за сега, туку решение кое понатаму ќе ни овозможи достоинствени преговори до самиот крај, а не само за првите чекори, порача вечерва од Њујорк премиерот Христијан Мицкоски.

-Подготвен сум да разговарам и ќе патувам и ќе седам на маса и ќе разговарам колку е потребно со секого само да најдеме решение. Немам комуникација со новиот претседател на владата на источниот сосед, но со задоволство би реализирал средба со него и со задоволство би имал желба да седнеме да поразговараме и да видиме какви се можностите. Единствената моја порака на средбата ќе биде ако договорите важат и треба да се почитуваат за нас, тогаш треба да важат и да се почитуваат и за нив и дека билатералните прашања не треба да бидат дел од преговарачкиот процес, рече Мицкоски во интервју за МРТВ.

За средбите во САД со Александар Касаноф, помошник на асистентот на државниот секретар на САД за Западен Балкан и со Специјалниот пратеник на претседателот Трамп за решавање на кризни состојби, Ричар Гренел рече дека досега не сретнал објективен дипломат кој нема симпатии кон сето она што ние како народ сме го направиле и сето она што ние како држава го имаме направено во име на европските интеграции.

-Прашањето е како да стигнеме до целта и како на достоинствен начин го одблокираме овој процес кој е блокиран поради авантуристичките политики на претходната влада кои мислеа дека ќе им биде се простено на надворешен план ако потпишуваат се што ќе им биде ставено на маса, а дома ќе можат да ги ограбуваат граѓаните и да ја уништуваат државата. Во таков егзибионистички севдах прифатија нешто што не успеаја да го испорачаат и создадоа објективен проблем за европските интеграции, посочи Мицкоски.

Свесен сум, додаде, за тоа што го направија Бујар Османи како министер за надворешни работи и Димитар Ковачевски како премиер.

-Јасно ме е дека прифатија нешто што не успеаја да го испорачаат и јасно мие дека тоа го правеа поради други лукративни мотиви. Јасно ми е дека тоа е проблем и дека секогаш ќе ни биде ставано на маса како услов. Но, ако тој услов важи за нас, тогаш треба да важат и сите други услови, односно оние договори кои претходно се прифатени, како што е Резолуцијата за почитување на човекови права, како што е Договорот за добрососедство. Сето тоа треба да претставува обврска за сите страни, потенцира Мицкоски.

Ние сега, посочи, имаме сизифовски тешка задача сето ова да го премостиме и ако можеме да го совладаме, бидејќи нашиот источен сосед е во европското семејство, а ние сме надвор и сакаме да влеземе во тоа семејство.

-Во сета таа амбиција одбравме стратегија што е можно погласно и појасно да ги презентираме нашите позиции и да создаваме пријатели, да градиме пријателства и да наоѓаме сојузници за на достоинствен начин да се пронајде решение, во што јас сум оптимист. Продолжуваме и понатаму да градиме пријателства, да бараме сојузници и да бидеме што е можно појасни и погласни во овој процес и мислам дека ако имаме реални и објективни европски „мерит бејсд“ критериуми кои се темелат на постигнувања, а не на билатерални прашања, тогаш многу скоро од денеска кончено после две децении ќе се одблокира пристапниот процес на Македонија, порача Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лажно пријавил дека е киднапиран
Следна Статија Туризмот во Европа ги руши сите рекорди: Еве која е најпосетена земја во светот?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Извини Зоки, морално (ли) беше“, културните работници протестираа поради Доцнењето на мартовската плата

Голем број вработени во институциите од културата денес точно напладне излегоа на протест пред Министерството за култура, кое ги принуди,…

April 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стојчевски: Сум наоѓал брашно во ПП апаратите наместо прашок, сите што работат со сервисирање гледаат само да се замени картончето!

Борче Стојчевски од Здружение на инженери за заштита „Тутела“, за ТВ24 истакна дека голем дел од лицата кои работат со…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Конститутивна седница на Советот за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна

Денес во Кабинетот на Претседателката се одржа конститутивната седница на Советот за безбедност. На седницата со која претседаваше претседателката Гордана…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Агелер по ставањето на Груби на црната листа: Политичкото мешање во судството не може и нема да се толерира

По објавата дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети се новите две имиња на црната листа на…

December 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?