Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски поголем оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски поголем оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски поголем оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес

Објавено October 16, 2024 17:40
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски по учеството на самитот на Берлинскиот процес и остварените средби е поголем оптимист во однос на очекувањата за евроинтегративниот процес на земјава и е во дилема дали ќе го испрати најавеното писмо до Европската унија со кое ќе даде нови идеи за продолжување на преговорите.

На денешната прес-конференција во Владата на која со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на која информираа за Националната стратегија за информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој, кажа дека имал исклучитлено квалитетна посета во Берлин.

– Имавме посета која ме направи поголем оптимист отколку што бев пред посетата. На маргините за време на работниот ручек, но и другите состаноци што ги имав таму, гледам дека има иницијативи, кои ги спомна и германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок на прес-конференцијата со министерот за надворешни работи и надворешна троговија Тимчо Муцунски и мислам дека се она што го водев како разговор и добив како порака и испратив има додадена вредност ако се спореди со состојбата пред мојата посета таму, рече Мицкоски.

Во интерес на разговорите и очекувањата, не сакаше јавно да споделува детали, но упати порака до граѓаните дека нема да ја напушти одредницата за одбрана на националните интереси и евроинтеграцијата на земјата.

– Мојата порака до граѓаните е дека однесувањрто на оваа Влада и мене како премиер, ќе разочара една група луѓе, а тоа се опозицијата. Но да бидат сигурни дека никогаш, ама никогаш и по никоја цена нема да ги изневерам очекувањата на граѓаните, ниту да ги напуштам одредниците кои значат интерес на огромно мнозинство македонски граѓани, а тоа е одбрана на националнте интереси и интеграција на земјата во рамките на Европската унија, нагласи Мицкоски.

Не сакаше да го коментира брифингот на специјалниот претставник на Германската Влада за Западен Балкан, Мануел Сарацин дека во Берлин биле одбиени македонските предлози, повторувајќи дека е многу поголем оптимист, после посетата на Берлин отколку што бил претходно.

– Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите дома, но ќе се бориме надвор со сите сили, кои ги имаме на располагање, врз основа на Копенхагеншките критериуми, врз основа на вистинските вредности на ЕУ, а тоа не се ултиматуми и диктати, туку разговор, конструктивен дијалог, кој што ќе биде основа за изнаоѓање трајно и долгорочно решение со кое нема едните да бидат понижени, туку напротив сите задно ќе се бориме за одбрана на овие вистински европски врендости. Наша задача како влада која доби повеќе од 600.000 гласа на изборите на 8 мај, прво да ги браниме националните интереси, а национален интерес претставува полноправно членство на земјава во рамките на ЕУ, истакна премиерот.

Во однос на најавеното писмо до Европската унија, тој подвлече дека по посетата на Брисел има дилема дали да го испрати бидејќи ги запознал сите со содржината.

– Имајќи предвид дека претседателката на Комисијата доаѓа на 24 октомври, имавме можност во Берлин неофицијално на ручекот да разговараме и на маргините на самитот на Берлинскиот процес и со канцеларот Шолц имав неофицијална средба, која беше многу пријателска и содржајна, посочи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Парче од мобилниот на Вања бил пронајден во „цитроенот“ на Панче
Следна Статија Палчо ангажираше и втор адвокат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни…

March 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

„Боки 13“ за скандалот со Цеца: „Ти го подметнаа бугарското знаме, а ти уште и го бакнуваш“

Не престануваат реакциите откако синоќа српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ го развиори бугарското знаме при нејзиниот настап во спортската сала…

November 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Грета Тунберг ќе се приклучи на утрешниот протест за спас на реката Дошница на Кожуф

Шведската активистка за животна средина и климатски промени Грета Тунберг веќе втор ден престојува во земјата. Таа вчера го посети…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

И него Бугарите сакаат да ни го земат: Утре е Св.Наум Охридски

Во манастирскиот комплекс „Свети Наум“ на Охридското Езеро вечерва по повод празникот посветен на Свети Наум Охридски Чудотворец ќе се…

July 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?