Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Жалам што Ахмети правата на бугарската заедница ги користи како дневна политика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Жалам што Ахмети правата на бугарската заедница ги користи како дневна политика
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Жалам што Ахмети правата на бугарската заедница ги користи како дневна политика

Објавено October 12, 2024 19:05
Сподели
Сподели

Правата на бугарската заедница не се тема за дневна политика, вели премиерот Христијан Мицкоски, изразувајќи жалење што лидерот на ДУИ Али Ахмети тоа, како што нагласи, го користи мислејќи „дека така ќе добие поен, да се вовлекува на соседите наместо со тие дома, со кои дели секојдневие“.

Прашан за коментар на денешната средба на лидерот на ДУИ Али Ахмети со бугарскиот амбасадор во земјава Жељазко Радуков, по која партијата од Мала Речица излезе со соопштение дека „бугарската заедница во Македонија е реалност и треба да биде вклучена во Уставот“, Мицкоски порача „не мислам дека е вистинска политика, но нека тера“.

– Бугарија е потписник на резолуцијта за заштита на човековците права, а има 14 пресуди од Судот за човекови права кои велат дека Бугарија не ги почитува права на македонската заедница. И нула за реалноста во Македонија за бугарската заедница. Жалам што Ахмети тоа го користи како дневна политика, но тоа е негова стратегија. Тој мисли дека така ќе добие поен, да се вовлекува на соседите наместо со тие дома, со кои дели секојдневие, тоа не мислам дека е вистинска политика, но нека тера, изјави Мицкоски.

Неколку стотини граѓани, посочи Мицкоски, го користат бугарскиот јазик како мајчин јазик, и не можеме да кажеме дека тие не постојат, исто како што седум-осум пати има повеќе Бугари во Албанија отколку во Македонија.

-И тоа е исто така реалност. Не можеме да кажеме дека тие не се реалност. Но исто така е реалност и македонската заедница во Бугарија. Ако ние зборуваме да ги вклучиме Бугарите во Устав сега, тогаш треба да зборуваме и да видиме македонската заедница во Бугарија какви права има и да ги споредуваме реалноста на бугарската заедница кај нас и македонската заедница во Бугарија. И тогаш можеме да носиме вистински заклучоци. Тоа за мене не е тема за дневна политика. Тоа е тема за која треба да разговараме стратешки, со визија, затоа што таа тема треба на нас да ни го отвори и загарантира членството во рамките на ЕУ на основа на Копенхашките критериуми, нагласи Мицкоски.

ДУИ, преку соопштение денеска информираше дека во седиштето на партијата Али Ахмети, го примил новиот амбасадор на Бугарија Жељазко Радуков, во кое меѓу другото се вели дека „Бугарската заедница во Македонија е реалност и треба да биде вклучена во Уставот“ и дека „приоритет на ДУИ е токму продолжување на европскиот пат, затоа уставните измени мора веднаш да се случат бидејќи граѓаните очекуваат да станеме дел од Европската Унија“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На конференција во Охрид, почина Алекс Салмонд, поранешен премиер на Шкотска
Следна Статија Ќе има засилување на видео-надзорот и присуството на полициски службеници откако првооделенци се обиделе да силуваат соученик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Одѕивот на локалните избори првпат не надминува 50 проценти, најнизок од независноста на земјата

Одѕивот на изборите за градоначалници и советници за првпат не надминува 50 проценти, ниту во првиот круг, ниту во вториот…

November 3, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Венко Крстевски и СДСM се режисери на агресијата и поделбите во Кочани, обвинија од ВМРО ДПМНЕ

Дали Венко Крстевски и СДС се нарачатели на насилството во Советот?, прашуваат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Дали најголемите поддржувачи на…

June 19, 2025
ПОЛИТИКА

„Зелен хуман град“ формира партија за да може да учествува на избори

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ (ЗХГ) најави формирање на политичка партија, бидејќи, како што велат, тоа е единствениот начин независните…

July 23, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Покажавме и докажавме дека умееме да ги водиме општините без ниту еден скандал и со многу работа

Претседателот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати по повод промовирање на изборната коалиција за претстојните локални избори и…

September 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?