Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема повисоки плати за функционерите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нема повисоки плати за функционерите
МАКЕДОНИЈА

Нема повисоки плати за функционерите

Објавено January 23, 2025 08:25
Сподели
Сподели

Македонските функционери во февруари нема да добијат зголемени плати откако собраниската Комисија за избори и именување ја изгласа Одлуката за намалување на коефициентите за утврдување на нивните плати. Со одлуката изгласана од 11 членови на Комисијата се спречува зголемувањето на платите коешто би било предизвикано со примената на досегашните коефициенти. Платата на македонските функционери се определува така што просечната годишна плата од претходната година се множи со коефициент кој варира според сложеноста на работното место.

Така, според одлуката, коефициентот на платата на претседателот на државата, на претседателот на Собранието и на премиерот е намален од 3,92 на 3,47. Потпретседателите на Собранието, претседателот на Уставниот суд, главен државен ревизор и директор на Оперативно – техничката агенција отсега ќе имаат коефициент 3,08 за разлика од поранешниот 3,48. Во актот е наведено дека претседателите на собраниските комисии, координаторите на пратеничките групи, претседател на Националниот совет за евроинтеграции – 2,85 наспроти поранешните 3,22.

На пратениците, пак, новоутврдениот коефициент е 2,69 за разлика од поранешниот 3,04. Платата на министрите во Владата, пак, ќе се множи со коефициентот 2,85 за разлика од поранешниот 3,22. Истиот коефициент ќе се применува и за судии во Уставниот суд, Народен правобранител, а коефициентот за претседател на Државната изборна комисија ќе биде 2,69.

Согласно последните податоци на ДЗС, во ноември нето-платата во Македонија изнесувала 41.999 денари. Претходно, во октомври просечната плата по вработен достигнала 42.134 денари.

Доколку не се донесеа овие измени за намалување на коефициентите, платите на функционерите од јануари 2025 година повторно ќе се зголемеа во согласност со растот на годишната просечната плата, и тоа од околу 330 евра за највисоките функционерски плати – за премиерот, претседателот и спикерот, до околу 130 евра за најниските функции.

Претходната власт, предводена од СДСМ и ДУИ во февруари минатата година со измени на 6 закони го зауздаа растот на месечните примања на носителите на јавни функции. Претходно, на 21 март 2023 година Уставниот суд ја укина двојната основица со која дотогаш се правеа пресметките, односно, ја укина фиксната основица која беше утврдена на сума од 26.700 денари, со образложение дека е неуставно да постојат две основици. Со оваа функционерските плати почнаа да се пресметуваат врз основа на просечната плата, што предизвика нивно зголемување од 78 отсто.

Таквото зголемување на платите на функционерите предизвика огромно незадоволство кај граѓаните, работниците и синдикалните организации кои организираа повеќе протести.

Премиерот Христијан Мицкоски лани најави дека платите на функционерите нема да се зголемат од јануари следната година. За да се реши прашањето со платите треба да се донесе нов закон за систем на платите во јавниот сектор, но засега нема најави. Претставници на претходната власт изјавуваа дека се работи за сложен системски закон за чие изготвување е потребна цела година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Секој седми граѓанин е член на партија, најмногу се гласа по етничка линија
Следна Статија Епски пресврт на ПСЖ против Сити, Феенорд го нокаутира Баерн (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Земјотрес од 4,5 степени во Албанија, почувствуван и во делови од Македонија

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија, а беше почувствуван и во југозападните делови Македонија. Според…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кошта: Албанија и Црна Гора се понапредни, би можеле да се приклучат кон ЕУ пред другите

Албанија и Црна Гора очигледно се понапредни од другите земји и би можеле да се приклучат кон Европската Унија пред…

May 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Дозволиле активирање на пиротехниката, осомничените 13 полицајци се однесени во суд

Приведени се 13 лица со полициско овластување во синоќешната акција на ОЈО за организиран криминал и корупција, потврди на денешната…

June 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стојаноски објави план на ВМРО-ДПМНЕ за помош на Кочани

Ние нашиот став го соопштивме. И не сакаме да влеземе во сценариото на политизација на трагедијата во која СДСМ упорно…

May 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?