Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Имаме јасна позиција, нема уставни измени под бугарски диктат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Имаме јасна позиција, нема уставни измени под бугарски диктат
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Имаме јасна позиција, нема уставни измени под бугарски диктат

Објавено October 16, 2024 16:20
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска во Велес, коментирајќи ја вчерашната изјава на шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок, која рече дека уставните измени се клучен чекор кон почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, истакна дека позицијата на Владата е јасна, директна и отворена, а тоа е дека нема уставни измени под бугарски диктат и оти единствен начин тоа да се реши е да се даде гаранција дека нема да има натамошни блокади од ваков тип.

– Нашата позиција е многу јасна, директна, отворена, а тоа е дека уставни измени под бугарски диктат нема да има и дека единствен начин ова да се реши е да добиеме гаранција дека ова нема да ни се повторува на секои шест месеци, Македонија со шок да се соочува и да имаме нови и нови вета. Еден од начините ние го предложивме – тоа е одложено важење на уставните измени, коишто би влегле во сила со денот на ратификација на протоколот за членство на Македонија во ЕУ од страна на бугарскиот Парламент. Доколку навистина Бугарија сака Македонија да влезе во ЕУ не гледам што им прават разлика три години затоа што, нели, сите велат дека сме подготвени и дека за три години ќе ги завршиме преговорите, рече Николоски одговараќи на новинарски прашања.

Тој нагласи дека доколку земјава ги почне преговорите оваа есен, тие ќе бидат завршени есента 2027 година, а потоа, како што рече, може да се ратификува договорот за членство во бугарскиот Парламент.

– Така што не гледам што е разликата за бугарската влада, доколку се искрени дали уставните измени ќе се случат во 2024 или во 2027 година. Секако веќе две години се поминати од тој штетен Француски предлог, така што мислам дека на чисто ги вадиме бугарските политичари со овој наш предлог. Тој предлог наидува на многу симпатии и разбирање во многу главни градови на ЕУ и останува во следниот период да завршат изборите во Бугарија и да видиме каква ќе биде позицијата на новата бугарска влада, а во овој момент тоа е тоа што можам да го кажам, нагласува Николоски.

На новинарски коментар дека не се добива впечаток дека овој предлог наишол на симпатии во Берлин, Николоски рече дека тој нема таков впечаток.

– Јас немам таков впечаток. Според изјавата на министерката, тоа што го кажа е дека во моментов точно има прифатено Француски предлог од претходната влада, предлогот е лош, но тоа е прифатено, но дали ние го прифаќаме тоа како Влада – не го прифаќаме и затоа нема уставни измени под бугарски диктат, дополни Николоски.

Шефицата на германската дипломатија Бербок вчера по средбата со македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во Берлин, изјави дека таа се залага за укинување на едногласност во ЕУ, но додека тоа не се случи, Северна Македонија мора да ги почитува компромисите, пренесува Дојче веле.

– Вметнувањето на бугарското малцинство во вашиот Устав е последниот чекор за отворање на првиот преговарачки кластер со ЕУ, порача Бербок по средбата со Муцунски, која се случи еден ден по самитот на Берлинскиот процес, на кој лидерите на земјите од Западниот Балкан се согласија на неколку договори кои треба да ја подобрат соработката во делот на економијата и образованието.

На прес-конференцијата по средбата со Муцунски, Бербок зборуваше за уставните измени како клучен чекор кон почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, иако и самата потенцираше дека се залага за укинување на принципот на едногласност во ЕУ, особено во делот на проширувањето. Таа се надева дека може да се случи пробив на тој план по парламентарните избори во Бугарија на крајот на месецов.

– Знаеме колку е тешко да се направат уставни измени во демократиите и тоа го барав и при мојата последна посета на Македонија. Но, тогаш беше во тек изборна кампања и разбрав дека тогаш овој чекор не беше можен. Сега има избори во Бугарија, и потоа постои шанса која треба заеднички да се искористи, рече Бербок.

Според неа, во случајот на Македонија не станува збор за неправда, туку за почитување на правилата на ЕУ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Велибор ни кажа дека тие се виновни за убиството на Вања, ни покажа каде е закопан Панче и дека во него пукал Палчо“, сведочеше екс началникот на СВР Велес
Следна Статија Aдвокатот на Ѓорчевски: Таткото на Вања бил физички малтретиран во присуство на началникот кој сведочеше

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Хајредини: Само македонскиот народ има право да одлучува за идентитетот, јазикот…

„Во врска со прашањaта за идентитетот, историјата и македонскиот јазик, право да одлучува има само македонскиот народ. Албанците нивната одлука…

April 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари и се заблагодари на Бугарија и на целиот бугарски народ за солидарноста

Сакам да изразам благодарност до нашата соседна земја Бугарија, Министерството, претседателот и целиот бугарски народ за оваа солидарност, која навистина…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Идната недела ќе се пополнат празните места во Владата, кажа Меџити

Вицепремиерот и министер Изет Меџити денеска од Тетово најави дека наредната недела ќе се знае точно кои луѓе ќе се…

May 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството бара продолжување на мерките притвор и куќен притвор за сите осомничени за пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на денешниот ден до Основниот суд Кочани достави предлози за продолжување на мерките за…

April 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?