Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството бара распишување меѓународна потерница за Васко Ковачевски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Обвинителството бара распишување меѓународна потерница за Васко Ковачевски
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството бара распишување меѓународна потерница за Васко Ковачевски

Објавено December 30, 2024 17:20
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го прими Решението на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, со кое предлогот за определување мерки за претпазливост против осомничен во предметот „Адитив“ се отфрла, наведувајќи дека осомничениот не е достапен на органите на прогонот.

-Согласно своите законски надлежности, јавните обвинители кои постапуваат во предметот до судијата на претходна постапка веднаш доставија Жалба по однос на донесеното Решение за отфрлање, како и Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот која мерка ќе биде активна по неговото пронаоѓање. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 8 дена.

Применувајќи ги одредбите од Законот за кривична постапка, предметните јавни обвинители до МВР доставија Наредба за распишување на национална потерница и Изјава за распишување на меѓународна потерница по осомниченото лице, се вели во соопштението.

Истрагата за предметот „Адитив“ започна на 10 овој месец и со него се опфатени 23 физички лица и четири правни лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството и кривични дела против службената должност и против правниот сообраќај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фетаи: Обвинителството има законска обврска да го повика Ахмети на распит
Следна Статија Падна и последниот осомничен во предметот „Планина“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Строг пост само на вода- утре се празнува Водокрст

Ден пред големиот христијански празник Богојавление- Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет. Празникот е…

January 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Криминалот е на најниско ниво во последните 20 години

Во кругот на МВР денеска се одржа централната свеченост по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, на која…

May 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Техничката Влада не се укина за изборите во 2024 година за ДУИ да добие премиер

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски,  беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија, каде се осврна и на актуелната…

January 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Трајков: Народот честопати бил изневерен, нема простор за нови разочарувања

Сметам дека Македонија е повеќе од подготвена за почеток на преговорите, особено ако се спореди со ситуациите на земјите од…

November 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?