Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Охриѓанка измамена за 300.000 денари преку лажни ветувања за добивка од биткоини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Охриѓанка измамена за 300.000 денари преку лажни ветувања за добивка од биткоини
ХРОНИКА

Охриѓанка измамена за 300.000 денари преку лажни ветувања за добивка од биткоини

Објавено December 14, 2024 20:00
Сподели
Сподели

Во СВР Охрид, на 13 декември 2024 година, 53-годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена за сума од 300.000 денари.

Според изјавата на оштетената, пред две недели добила телефонски повик од лице кое ѝ соопштило дека поради наводно зголемување на вредноста на биткоинот, нејзината претходна уплата од 250 евра значително се зголемила и во нејзиниот електронски паричник сега имало 16.500 долари.

Лицето побарало од жената да преземе мобилна апликација и да има достапни пари на својата трансакциска сметка за да може да ги подигне средствата. Подведена од ветувањето за големата добивка, оштетената ја инсталирала апликацијата и подигнала кредит од финансиско друштво.

По некое време, откако посетила банка, дознала дека парите од нејзината сметка биле префрлени на сметка на друго лице, по што сфатила дека станала жртва на измама.

СВР Охрид презема мерки за целосно расчистување на случајот и идентификување на сторителот. Граѓаните се предупредуваат да бидат внимателни со непознати повици и трансакции преку интернет, особено кога станува збор за ветувања за брзи добивки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: За доизградба на болниците во Штип и Кичево се преговара со неколку Влади
Следна Статија Трагедија на границата меѓу БиХ и Хрватска: Момче се заби во полициска блокада и загина (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Во Калиманско езеро пронајденот телото на жена која беше пријавена за исчезната

На 09.05.2025 во 09:45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во водите на Калиманско езеро била пронајдена…

May 10, 2025
ХРОНИКА

Познат идентитетот: Сопатник од Велика Британија загина во сообраќајката кај Битола

На магистралниот пат Битола-Прилеп, денеска во 11.55 часот се случи сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „дачиа" со скопски регистарски ознаки,…

March 10, 2025
ХРОНИКА

Скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро

Вчера во 18.21 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во водите на Охридското езеро кај плажата од Извидничкиот центар…

July 6, 2025
ХРОНИКА

Полицајци нападнати во Ќерамидница, оштетено службено возило

На 15.02.2025 во 20:40 часот во СВР Скопје А.Д.(23) од Скопје пријавил дека во населбата Ќерамидница во Скопје бил физички…

February 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?