Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претставници на Народната банка работеа на клучно истражување за македонската економија објавено од ММФ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Претставници на Народната банка работеа на клучно истражување за македонската економија објавено од ММФ
ЕКОНОМИЈА

Претставници на Народната банка работеа на клучно истражување за македонската економија објавено од ММФ

Објавено October 11, 2024 18:18
Сподели
Сподели

Како резултат на заедничкиот проект на експерти од Народната банка и од Чешката централна банка, изготвен е работен материјал, под наслов „Преглед на новиот калибриран модел ДСГЕ за економијата на Македонија“, од авторите Тибор Хледик, Јоана Маџоска, Мите Митески и Јан Влчек, којшто беше објавен во реномираната серија работни материјали на ММФ. Изготвувањето на трудот е во рамките на проект за техничка соработка со експерти од ММФ и од Чешката народна банка, чијашто цел беше изградба на нов динамички стохастички модел на општа рамнотежа (ДГСЕ) за македонската економија. Ова претставува прв труд од нашата институција којшто се објавува како работен материјал на ММФ, со што се дава важен придонес во афирмирањето на Народната банка во меѓународни рамки и во јакнењето на нејзината аналитичка инфраструктура, доближувајќи ја до стандардите на централните банки од развиените економии.

Работниот материјал нуди детална анализа на меѓусебните поврзаности на секторите во македонската економија со примена на софистицираниот модел ДСГЕ, којшто беше приспособен соодветно за да ги опфати нејзините карактеристики, а добиените резултати ја нагласуваат неговата корисност како алатка за обликување на монетарната политика на Народната банка засновано на информации.

Овој објавен труд не само што ја истакнува работата и посветеноста на нашиот кадар, туку ја подвлекува и улогата на нашата институција како водечка во придонесот кон истражувањата од економската област во нашата држава.

Целиот труд можете да го прочитате на следнава врска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почна увидот во опожарената зграда во Чаир
Следна Статија Меџити: Законот за правична застапеност ќе биде во духот на тоа што нема да му се даде можност на Уставниот во иднина да укинува закони само со просто мнозинство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија: 3,1 отсто раст во 2025 година, 3 проценти во 2026 и 3 отсто во 2027

Реален раст на БДП од 3,1 отсто во 2025 година, од 3 проценти во 2026-та и од 3 отсто во…

October 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јапонците ќе јадат американски ориз за пониски царини на автомобилите

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба за намалување на царините за увоз на јапонски автомобили и други производи,…

September 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Ги консолидиравме и стабилизиравме јавните финансии, потврда добивме и од „Фич“

Покрај сите предизвици со кои се соочивме успеавме да ги консолидираме, да ги исконтролираме и да ги стабилизираме јавните финансии…

October 6, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат забелешки ќе ги убедам дека Народна банка била и ќе остане независна, рече Славески

Ветувам дека ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат некакви забелешки ќе ги убедам во спортивното, дека Народна банка…

May 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?