Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се планира ГОБ „8 Септември“ да стане регионален центар за Скопје, Велес и Куманово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Се планира ГОБ „8 Септември“ да стане регионален центар за Скопје, Велес и Куманово
ЗДРАВЈЕ

Се планира ГОБ „8 Септември“ да стане регионален центар за Скопје, Велес и Куманово

Објавено February 6, 2025 14:54
Сподели
Сподели

Во план е Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје во регионален центар за болните од Скопје, Велес и Куманово соопшти денеска на прес-конференција директорот на Фондот за здравство (ФЗО) Сашо Клековски. Тој денеска пред новинарите го презентираше буџетот на фондот за 2025 година „План 2025“.

Клековски кажа дека Владата планира да ја стави на пауза идејата за изградба на нов клинички центар поради демографскиот пад на населението, од една страна, но и неискористените капацитети на ГОБ „8 Септември“ кои можат значително да го растеретат постојниот Клинички центар „Мајка Тереза“.

Нам демографијата ни паѓа, со текот на годините имаме сѐ помалку население, така што мораме да ги погледнеме и бројките на осигуреници и на пациенти. Второ, дел од капацитетите не се искористени како што треба. Од сите постоечки капацитети во Македонија, најблиску до стандарди за нешто повеќе, вклучувајќи и за универзитетска клиника, има ГОБ „8 Септември“, рече Клековски.

ГОБ „8 Септември“ има 150 квадратни метри со болнички кревети наспроти Старата Градска болница, сегашна „Свети Наум Охридски“ каде што има нешто повеќе од 30 квадратни метри. Клековски вели дека во извештаи на Светската здравствена организација (СЗО) се споменува дека е потребна реорганизација на здравството.

Морам да кажам дека во „8 Септември“ се изведуваат методи кои не се изведуваат на Клиника. Тука гледаме најмногу потенцијал, со најмало вложување да добиеме најдобар одговор. Освен Онкологијата, мислам дека ќе бидат најавени нови проекти, како на пример Нефрологија – рече Клековски додавајќи дека за оваа идеја се потребни законски измени.

Почетниот буџет на ФЗОза годинава е 53,4 милијарди, за 7 милијарди поголем од ланскиот. Со парите ќе може да се направи исчекор во здравствената заштита, додава директорот на ФЗО. Зголемени се буџетите за дијагностички лаборатории, целта на зголемување е да се подобри покриеност на лаборатории за да се скрати време на чекање за овие услуги.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Наместо за нешто друго, сега државата ќе мора да враќа 50 милиони евра за нечии хирови
Следна Статија Преку дијалог да се надминат високите цени на производите, за да нема поголеми последици, порача Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

На повеќе од 100 медицински сестри на државно ниво вчера им истече договорот за работа

Над 100 медицински сестри од кои 56 само во Прилеп од вчера останаа без договори за вработување. Иако без договори,…

February 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клиниката за уво, нос и грло доби опрема што е реткост во регионот

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу денес ја посетија реконструираната Клиника за уво, нос и грло во…

August 1, 2025
ЗДРАВЈЕ

Три нови случаи на голема кашлица во Македонија

Три нови случаи на голема кашлица се регистрирани во периодот од 01-07.11.2024 година, објави Институт за јавно здравје. Пријавени се…

November 9, 2024
ЗДРАВЈЕ

Има мирис и вкус од непознато потекло: Водата во Неготино не е безбедна за пиење

Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло во дел од улиците.…

September 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?