Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Семејствата во Италија ќе потрошат 25 милијарди евра за претстојниот Божиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Семејствата во Италија ќе потрошат 25 милијарди евра за претстојниот Божиќ
СВЕТ

Семејствата во Италија ќе потрошат 25 милијарди евра за претстојниот Божиќ

Објавено December 22, 2024 19:40
Сподели
Сподели

Претстојниот Божиќ во Италија нема да се карактеризира со заштеда – се очекува семејствата да потрошат вкупно повеќе од 25 милијарди евра за подароци за ставање под дрвото, купување храна, ручеци и вечери во ресторани и патувања, според италијанскиот Здружение за заштита на потрошувачи „Кодаконс“.

Според ова здружение, просечниот трошок по семејство за претстојните празници ќе изнесува 992 евра, пренесе Анса.

Околу 9,5 милијарди евра ќе бидат потрошени за божиќни подароци за пријатели и роднини, па дури и секое друго купување ќе се врши со попуст.

За традиционалната вечера и ручек ќе се потрошат над три милијарди евра со оглед на високите цени на прехранбените производи.

Во декември во Италија путерот поскапе за 20 отсто, кафето за 13,3 отсто, маслиновото масло за 9,7 отсто, доматите за 23,7 отсто, а чоколадото за 8,5 отсто.

Во споредба со минатата година, традиционалниот колач панетоне поскапе за четири отсто, а просечната цена во главните трговски синџири се движи меѓу пет и седум евра.

Панетонот во приватните слаткарници е значително поскап, просечните цени се движат од 30 до 35 евра, но и до 60 евра доколку е „потпишан“ од познати готвачи.

Кога станува збор за чоколадните божиќни десерти, тие поскапеа за 30 отсто.

Милиони Италијанци ќе патуваат за време на божиќните празници, за што, како што проценува Kodacons, ќе потрошат 12,7 милијарди евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски: Успешна посета на Вашингтон, унапредување на македонско-американските односи
Следна Статија Трамп ќе побара од Панама да го предаде каналот на САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Првпат Washington Post нема да поддржи кандидат на претседателските избори во САД

Првпат по многу децении, The Washington Post нема да поддржи кандидат на годинешните претседателски избори, објави во петокот издавачот на…

October 26, 2024
СВЕТ

Брутална математика на војната: Пресметано колку години ќе им бидат потребни на Русите да ја заземат Украина со ова темпо

Во април, руските сили успеаја да окупираат околу 176 квадратни километри украинска територија. Но, тие платија висока цена за тоа…

May 3, 2025
СВЕТ

Украински полицаец избегал во Молдавија оставајќи си ја сопругата во автомобилот

Во регионот Одеса, украински полицаец избегал во Молдавија оставајќи ја сопругата во автомобилот. На автопатот „Одеса – Рени“, во близина…

August 29, 2025
СВЕТ

Reuters: Откривме крипто мрежа на семејството Трамп, за 6 месеци заработиле 800 милиони долари

Семејството на Доналд Трамп изгради разгранета глобална мрежа на криптовалутни потфати, користејќи го името на претседателот и неговото политичко влијание…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?