Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СКАНДАЛ: Македонски бизнисмен-градежник со незаконски документ сакал да ја продава италијанската резиденција на Водно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > СКАНДАЛ: Македонски бизнисмен-градежник со незаконски документ сакал да ја продава италијанската резиденција на Водно
МАКЕДОНИЈА

СКАНДАЛ: Македонски бизнисмен-градежник со незаконски документ сакал да ја продава италијанската резиденција на Водно

Објавено December 23, 2024 12:20
Сподели
Сподели

Mакедонски бизнисмен, кој се бави со градежништво, со незаконски изработен документ и печат на странска амбасада во Скопје, сакал да врши продажба на луксузен имот на Водно, сопственост на дипломатското претставништво, дознава ексклузивно НетПрес.

Имено, според документите до кои дојде НетПрес, извесно лице Александар Ивановски со незаконски изработен документ со потпис и печат на италијанската амбасада во Скопје, на седми август, годинава, наводно добил овластување да продаде плац и објект во скопско Водно, кој всушност е резиденција на италијанскиот амбасадор во Македонија.

-Почитуван господине Ивановски. Во врска со вашето барање од 06.08. 2024 година, со кое побаравте писмена согласност од оваа амбасада за продажба на имотот што се наоѓа на улица „Славејко Арсов“ број 146, сакаме да ве информираме дека нашата амбасада дава согласност за склучување на преддоговор за продажба на недвижен имот. Остануваме достапни и во иднина. Со почит, амбасадор Андреа Силвестри, стои во службениот превод на незаконски изработениот документ.

-Сепак, италијанската амбасада успеала да го добие овој фалсификуван документ, и на петти декември годинава, упатила вербална нота до македонското министерство за надворешни работи и надворешна трговија, пишува порталот.

Во дипломатската нота, амбасадата на Италија информира дека „овој документ е незаконски изработен“.

Поради тоа, на шести декември, годинава, со назнака „Многу Итно“, македонското министерство за надворешни работи и надворешна трговија, за случајот испратило известување до Министерството за внатрешшни работи (Биро за јавна безбедност), до Министерството за правда, како и до Нотарската комора.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фонтаната Треви повторно отворена по реновирањето: Пристапот е ограничен на 400 посетители
Следна Статија Љутков: Концертот на „Танец“ е прослава на македонската култура и традиција, нашето минато, сегашност, но и иднина…

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нема крај на сообраќајната некултура во Скопје: Возило се движи низ пешачка зона (ВИДЕО)

Срамна и опасна сцена – возило снимено како се движи низ пешачката зона на мостот „Гоце Делчев“. Погледнете го видеото…

April 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ден на народното востание – 11 Октомври

Со свечена академија, положување цвеќе и доделување награди денеска ќе биде одбележан Денот на народното востание – 11 Октомври. Претседателката…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Силјановска Давкова за извештајот на ЕК: Техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска истакна дека во извештаите на Европската комисија, државата која се евалуира може технички да напредува,…

November 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Постигнавме историски договор за покачување на платите на наставниците за најмалку 46 проценти

Ние постигнавме историски договор, кој што никој не го постигнал, вели Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју во Тема…

October 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?