Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средба Тошковски – Дачиќ: One Stop Shop системот ќе профункционира до почетокот на следната сезона
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Средба Тошковски – Дачиќ: One Stop Shop системот ќе профункционира до почетокот на следната сезона
ПОЛИТИКА

Средба Тошковски – Дачиќ: One Stop Shop системот ќе профункционира до почетокот на следната сезона

Објавено October 10, 2024 15:50
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше домаќин на делегација од Република Србија предводена од вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Двете делегации остварија билатерална средба во просториите на СВР Куманово.

На средбата беше разговарано за модалитетите на понатамошно унапредување на досегашната одлична соработка помеѓу двете министерства, координација за учество на делегација на Република Србија на Симулациска вежба за размена на информации во реално време за криумчарење мигранти и трговија на луѓе долж источно-медитерантската рута која ќе се одржи од 14 до 17 октомври во Охрид оваа година.

Исто така на средбата се разгледа и нацрт текст за Договор помеѓу двете влади за воспоставување на заеднички контроли во рамките на One Stop shop концептот на заедничкиот граничен премин за меѓународен патен сообраќај Табановце – Прешево.

„Имавме состанок во СВР Куманово, при што ги констатиравме фазите за постигнатото во сето она што го преземавме како планови и обврски во рамки на последната посета. Разговаравме за се она што е поврзано меѓу двете полиции од аспект на тековна соработка која морам да потенцирам дека е одлична. Продолживме да разговараме за темата од минатиот пат а тоа е подобрување на транзитот на нашите граѓани на граничните премини со тоа што договорено е во рамки на техничките групи меѓу двете министерства да има континуирани средби за реализација на крајното решение за One Stop Shop системот. Овој проект е многу значаен за двете држави и мораме да го реализираме што побрзо и веќе од следната туристичка сезона да имаме брз проток на патници и стоки преку заеднички контроли на граничните премини.“, потенцираше министерот Тошковски.
Тошковски додаде дека одличната соработка меѓу двете министерства и полиции ќе продолжи и ќе се надградува и во делот на заеднички и взаемни обуки со цел подигнување на капацитетите на двете полиции во борбата со сите видови криминал и предизвици од областа на безбедноста.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ потенцираше дека ова е трета заедничка средба на која прецизно ги дефинираат чекорите и работите кои треба да се направат за да се решат проблемите и со тоа да се олесни животот на граѓаните на двете држави.

„Најголемиот проблем на кој сме фокусирани е долгото чекање на границата за нашите граѓаните и се веќе работиме со конкретни чекори и тимови на двете министерства тоа да се операционализира и процесот да усоврши така што нема веќе да постои таков проблем. Во насока на другите проблеми како илегалната миграција знаете дека со заедничка работа меѓу двете полиции е направено многу за да се намалат преминувањата на илегалните мигранти и добивме пофалби за тоа од страна на Европската комисија и Унија. Тоа е заеднички проблем и ние сме на патот на таа рута на илегална миграција која на крај води во Европската Унија и бидејќи самата мигрантска рута поминува низ земји на ЕУ па низ нашите земји добиваме и ќе добиваме поддршка во вид на логистика и материјално-технички средства од самата ЕУ за справување со илегалната миграција“, подвлече министерот Дачиќ.

Двајцата министри на крај истакнаа дека двете полиции соработуваат одлично и таа соработка ќе се унапредува во делот на организираниот криминал, нелегалната миграција, трговијата со луѓе, шверцот со дрога, борбата против тероризмот и брзата размена на информации.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари: Ќе излеземе со извештај за случаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе, понатаму судските и истражните органи треба да делуваат
Следна Статија Советот на Европа нотира дека во Бугарија постои значителен недостаток на свест за малцинските права – „Македонците обесхрабрени во нивната самоидентификација“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски го најави проектот „SKOPJE CITY GO“ – една картичка за сите услуги во градот

„Наместо десетици различни карти, апликации и плаќања, секој граѓанин ќе има една унифицирана и дигитална алатка,“ изјави Ѓорѓиевски, потенцирајќи дека…

September 15, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Петрушевски: Лицата кои протестираа против „Безбеден град’’, активно вклучени во кампањата на СДС и Спасовски

Лицата кои деновиве повикаа на тепање и убивање на полициски службеници, поради желбата да возат без возачки дозволи, поради проектот…

February 5, 2026
ПОЛИТИКА

Mицкоски: Коалицијата Вреди не го поддржува Дехари за градоначалник во Кичево

Партиите имаат уште пет дена за претставување на кандидатите за градоначалници и членови на советите во општините за обезбедување поддршка…

October 27, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ го жртвуваше Скопје за да се пресметува со Арсовска, вели Шукова

Последниве четири години со ВМРО-ДПМНЕ на власт во Скопје видовме што значи хаос, неодговорност и целосно изолирање на интересите на…

August 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?