Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Светска банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19 проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Светска банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19 проценти
ЕКОНОМИЈА

Светска банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19 проценти

Објавено December 13, 2024 17:20
Сподели
Сподели

Македонија може да се справи со растечкиот долг и да обезбеди макроекономска стабилност со подобрување на својата фискална состојба преку зајакнување на буџетската дисциплина, подобрување на ефикасноста на јавните расходи и подобрување на наплатата на даноците, се вели во новиот извештај на Светска банка „Преглед на јавни финансии на Македонија: Обезбедување стабилност и зајакнување на отпорноста“.

Во извештајот се нагласува дека најновата стратегија со која фискалната нерамнотежа требаше да се намали со економскиот раст, не донела задоволителни резултати. Во последната деценија, земјата се соочува со повисоки фискални дефицити од земјите од Западен Балкан, со ниво на долгот што надминува 62 проценти од Бруто домашниот производ (БДП).

-За подобро да се подготви за иднината, сега е клучно Македонија да почне да се справува со фискалните предизвици, изјави Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка за Косово и Македонија.

Според него, обезбедувањето на цврсти макроекономски основи може да придонесе за одржлив економски развој и намалување на сиромаштијата додека земјава се приближува кон членство во ЕУ.

Во делот на даноците, СБ предлага зголемување на стапката на ДДВ од сегашните 18 на 19 проценти и отстранување на повластената стапка за сите стоки, освен за основните производи.
Во однос на одржливоста на пензискиот систем во извештајот се посочува дека целта на повеќестолбната реформа на овој систем воведена во 2005 година била подобрување на среднорочната и долгорочната фискална одржливост со одржување на паритетот на правата низ генерации, но дека оваа цел е доведена во ризик поради подоцнежните ад-хок промени на политиките. Земјава и понатаму има пензиски дефицит и без реформа, како што оценија Светска банка, тој уште повеќе би се зголемил.

– За справување со овие предизвици се предлагаат повеќе политики за намалување на пензискиот дефицит во услови на општество што се повеќе старее. Тие опфаќаат укинување на неодамна воведениот модел на индексирање според цените и платите (тн Швајцарски модел) и враќање на претходното индексирање согласно индексот на цени на мало, постепено зголемување и изедначување на возраста на пензионирање на мажите и жените и постепено зголемување на стапката на придонесот. Комбиниран пакет што ќе ги интегрира сите три политики би можел да донесе поизбалансирани исходи и да го спречи понатамошното зголемување на пензиските расходи и дефицити, се наведува во Извештајот на СБ.

Во извештајот се вели дека има значителен потенцијал за подобрување на наплатата на даноците и за оптимизирање на расходите на јавниот сектор. Проценките на Светска банка  укажуваат дека со спроведување мерки како што се намалување на ослободувањата од ДДВ, спроведување прогресивно оданочување на приходите и зголемување на даноците за животна средина и даноците на имот, даночните приходи би можеле да се зголемат за 3,5 процентни поени од БДП.

Според извештајот, со подобрување на наплатата на даноците и оптимизирање на расходите, Северна Македонија има можност да ги намали трошоците за задолжување и да распореди повеќе ресурси кон основните сектори клучни за нејзината иднина, како што се образованието и здравството.

Во делот на здравството се наведува дека справувањето со предизвиците на општеството што старее бара модел за извршување на услугите со кој се подобрува ефикасноста на јавните расходи и се проширува пристапот до висококвалитетни здравствени услуги, вклучувајќи и долготрајна нега. Ова меѓу другото подразбира, континуирани инвестиции во опрема, вработувања, знаења, вештини на давателите на негата. Обезбедувањето на рамноправен систем до здравствената заштита, се посочува, бара подобрување на пристапноста, особено на лековите и долготрајната нега.

-Подобрувањето на пристапноста до лековите и зголемување на пристапот до висококвалитетни лекови бара редовно ажурирање на позитивната листа на лекови и ревидирање на цените на лековите и на политиките за партиципација со фокус на подобра финансиска заштита на ранливите домаќинства, а во делот на услугите за долготрајната нега се препорачува развој на механизми за финансиска помош особено за сиромашните, стои во Извештајот.

Во извештајот се дадени низа препораки со цел насочување на земјата кон поодржлива фискална патека. Овие препораки опфаќаат конкретни мерки за зголемување на даночните приходи, реформи за подобрување на ефективноста на јавната администрација, ребалансирање на финансиите на локалните власти и напори за подобрување на ефикасноста на извршувањето на јавните услуги.

Групацијата Светска банка е партнер на Македонија во разни проекти за финансирање и знаење со цел подобрување на ефикасноста, транспарентноста и одржливоста на јавните расходи, подобрување на ефективноста на даночната администрација и кои опфаќаат повеќе сектори, вклучувајќи ги образованието, социјалните услуги и земјоделството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Чесните бизниси да не се грижат, ќе го минимизираме влијанието на контролите за ДДВ, тие се неопходни и открија многу измами
Следна Статија Милевски: Група што носи надеж

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Субвенционираната авиолинија Скопје – Дубаи се одложи

Авиокомпанијата „Флај Дубаи“ од Обединетите Арапски Емирати побарала од Министерството за транспорт и врски одложување поради објективни причини што не…

April 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Размената на податоци меѓу УЈП и Централниот регистар клучна за бизнис опкружувањето

Долги години наназад постапката за регистрација на даночен обврзник и доделување на даночен идентификационен број е дел од постапката за…

October 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите

Премиерот Христијан Мицкоски очекува добар резултат од за в недела закажаните преговори со банките во Министерството за финансии за субвенционирање…

November 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат горивата

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на бензините се намалува од половина…

March 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?