Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари: Нема лекарска грешка во врска со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Таравари: Нема лекарска грешка во врска со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Нема лекарска грешка во врска со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника

Објавено January 9, 2025 13:10
Сподели
Сподели

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека го прочитал извештајот во врска со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника во Скопје, и во него е констатирано дека нема лекарска грешка.

-Извештајот пристигна, јас го прочитав уште во понеделник. За среќа, професионалците констатираа дека докторите немаат никаква грешка, рече Таравари на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање.

Прашан каде бил проблемот за смртта на седуммесечното бебе, Таравари одговори дека најверојатно бебето е донесено подоцна на Клиниката.

-Можеби болеста си го направила своето, можеби подоцна е донесено детето. Меѓутоа, констатирано е дека нема лекарска грешка, додаде Таравари.

Седуммесечно бебе починало на 16 декември на интензивна нега на Детската клиника во Скопје.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), кој изврши вонреден инспекциски надзор на Детската клиника откако почина седуммесечно бебе, предложи Министерството за здравство да покрене постапка за стручен надзор над лекувањето на бебето.

На 11 декември, во вечерните часови, детето повторно било донесено на Клиниката и заради влошената клиничка слика, хоспитализирано е на Одделот за неврологија. Креирани му се упати за повеќе испитувања, а на 13 декември заради натамошно влошување на здравствената состојба, трансферирано на Одделот за интензивна нега и терапија.

Откако во јавноста излезе веста за смртта на бебето, директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди рече дека биле запазени сите процедури и третмани и нема лекарска грешка. Тој рече дека се работи за неоснован притисок врз Клиниката и здравствениот персонал во оваа институција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонскиот пасош на 40-то место во светот, без визи може да се патува во 129 земји
Следна Статија Цените на становите за 15 години се зголемени за над 54 отсто, но се уште се атрактивни за купување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На Касами не му е певлива „Денес над Македонија се раѓа“

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ го отвориле прашање за промена на државниот грб,…

February 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Следува период на променливо облачно време со честа појава на врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не гласам уставни измени под притисок, со лигавење како полжави како што прави опозицијата не се стига далеку

„Се додека не покажете карактер и вредности во кои што верувате, нема да ве ценат. Ја знаете онаа приказната со…

March 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Усвоени предлози за измени и дополнувања на седум закони за проверка на лиценците двапати годишно

Владата денеска усвои предлози за измени и дополнувања на седум закони во надлежност на Министерството за транспорт и врски, а…

March 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?