Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Одговорност ќе има за сите што го прекршиле законот, но за висока корупција и кражби од епски размери не е можно брзо постапување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Одговорност ќе има за сите што го прекршиле законот, но за висока корупција и кражби од епски размери не е можно брзо постапување
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Одговорност ќе има за сите што го прекршиле законот, но за висока корупција и кражби од епски размери не е можно брзо постапување

Објавено October 5, 2024 15:35
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска уште еднаш вети дека ќе има одговорност за сите што го прекршиле законот, но, за криминалите поврзани со висока корупција и кражби од епски размери, како што напомена, не е можно брзо постапување.

Тошковски рече и дека веќе нема да има циркуси, претстави и „бркање вештерки“, туку ќе се постапува професионално, со максимално почитување на правата на сите инвловирани во случаите, и на оштетените и на обвинетите.

Воедно информира дека до МВР се веќе доставени докази за поголем број лица кои се од интерс за јавноста. -Разбирам дека народот е гневен и дека има огромни очекувања во делот на одговорноста.

Ветувам дека одговорност ќе има, но тоа мора да биде во рамки на законските постапки.

Секој за кого ќе има докази, ќе биде предмет на соодветна постапка во МВР, посебно за оние што душмански го краделе народот или незаконски предизвикале таков тип штети, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференција во Владата по повод 100 дена од сработеното.

Според него, МВР се труди максимално ефикасно и брзо да ги сработи овие постапки.

-Сепак, за криминал поврзан со висока корупција и кражба од епски размери на даночните обврзници, брзо постапување не може да има. Ќе постапуваме со внимание, професионално, со докази и факти, почитувајќи ги притоа правата на сите инвловирани. Само така можеме да зборуваме за нормализирање на државата. Циркуси веќе нема да гледате, македонската јавност заслужува достоинствен однос кон секого во истражната постапка и во рамки на законите, потенцира Тошковски.

Тој потсети дека МВР веќе покрена неколку случаи.

-Јавноста гледа, знае и е сведок дека во изминатиопт период од МВР е поднесена една кривична пријава против екс директорка на Здравствен дом која Обвинителството ја профати и процесуираше до судот, поднесена е и кривична пријава против пртаник кој при вршење на своите работни задачи, злопутребувајќи ги овластувањата, го прекршил законот, а кривична има и против двајца градоначланици. Ќе следат и други, за други градоначалници кои не почитувале законски одредби, најави Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Од Бугарија се испраќаат различни сигнали, подготвени сме да разговараме
Следна Статија Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Забрана за тешки товарни возила на Ѓавато

Поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку…

April 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Борбата беше жестока“: Мицкоски за случувањата околу извештајот за Македонија на Вајц

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска со усвојувањето на извештајот на Томас Вајц во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: „Сејф сити“ треба да почне да функционира од 1 јануари 2026 година

Системот „Сејф сити“ треба да профункционира од 1 јануари 2026 година, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју…

February 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ковачки: Обвинителството спие и тогаш и сега, време е за прочистување на безбедносните служби

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, како член на собраниската комисија за надзор на работата на АНБ и АР, реагираше на…

August 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?