(Видео) Грабеж на банка во Мостар, чуварот со голи раце тргнал кон вооружениот разбојник

- Advertisement -

Обид за вооружен грабеж се случил вчера во експозитура на банка во Мостар, јавуваат медиумите во регионот.

Маскирано лице со пиштол влегло во банката, а обезбедувањето го ризикувало животот тргнувајќи по него со голи раце, пренесува „Аваз.ба“.

Откако се борел со обезбедувањето, напаѓачот избегал од банката.

Според написите на тамошните медиуми, разбојникот набрзо бил уапсен.

Сподели ја оваа статија