Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Падна дел од фасадата на зграда на главниот плоштад во Загреб
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > (Видео) Падна дел од фасадата на зграда на главниот плоштад во Загреб
БАЛКАН

(Видео) Падна дел од фасадата на зграда на главниот плоштад во Загреб

Објавено November 23, 2024 18:20
Сподели
Сподели

Парчиња од фасадата од предниот дел на зградата паднале на плоштадот Бан Јелачиќ,објави порталот „Индекс“.

Полицијата ја опколила областа, а потоа работата ја презеле во свои раце пожарникарите и комуналните служби.

„Граѓаните и туристите го искористија денешното убаво време за да се прошетаат низ центарот на метрополата. Сепак, во популарниот загрепски сообраќаен шпиц околу 13 часот, на повик на загрижени минувачи пристигна полицијата, а потоа и загрепските пожарникари“, пишува „Јутарњи лист“.

Загрепските пожарникари ги извадиле остатоците од почетниот дел од фасадата кој не престанал да се распаѓа.

Според „Јутарњи лист“, отстранети се околу два метри материјал кој претставувал сериозна опасност.

За среќа нема повредени, а се уште не е позната висината на материјалната штета.

Во Загреб веќе се случи дел од фасадата да се откине од зградите во самиот центар на градот.

Пред само неколку недели, дел од фасадата се откина од зграда, исто така во близина на главниот плоштад во Загреб.

Минатото лето, дел од фасадата падна во близина на Хрватскиот народен театар, а пожарникарите потоа извадија приближно три квадратни метри од фасадата, која се закануваше да падне врз минувачите.

Исто така, во февруари годинава на аголот од улиците Илица и Томиќева од објектот паднало парче фасада, при што немало повредени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украина загуби над 40 отсто од територијата во Курск
Следна Статија Сцена како од филмот „Кум“: На сицилијански бизнисмен му оставиле коњска глава во дворот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Силно невреме во Хрватска: Училиштата во Загреб затворени, дрвја на патиштата поради силни ветрови

Силната бура сè уште предизвикува големи штети низ цела Хрватска. Пожарникарите и службите за итни случаи од вчера попладне работат…

March 27, 2026
БАЛКАН

На аеродромот во Атина откриени 500 килограми дрога Кат во вредност од 1,5 милиони евра

Половина тон од наркотична супстанца Кат (Khat) позната и како „природен кокаин“, бил откриен и запленет на атинскиот аеродром Елефтериос…

August 18, 2025
БАЛКАН

Нови апсења во Србија за падот на настрешницата во Нови Сад

Јавното обвинителство за организиран криминал во Србија, денеска објави дека по шест лица, меѓу кои и Томислав Момировиќ, кој беше…

August 1, 2025
БАЛКАН

УДБА знаела дека младите момчиња од Цетиње боледувале од редок вид на шизофренија, не биле способни за служење војска

Се сеќавате ба убиството во Цетиње за Нова Година? Ова злосторство го отвори подзаборениот или прикриен случај со машките жители…

May 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?