Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата повторно излезе во пресрет: Бесплатен автобуски превоз за студентите со пренамена на средства
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владата повторно излезе во пресрет: Бесплатен автобуски превоз за студентите со пренамена на средства
МАКЕДОНИЈА

Владата повторно излезе во пресрет: Бесплатен автобуски превоз за студентите со пренамена на средства

Објавено December 24, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека разговарале со министерката за образование Весна Јаневска и најави можност за реалоцирање средства со цел да се обезбеди бесплатен автобуски превоз за студенти за Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП)- Скопје. Мицкоски оваа најава ја соопшти од Црешево во Општина Гази Баба, каде присуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на спортска сала.

– Овие средства во разговор со министерката ги предвидовме за следната година. Претходната Влада не ги предвидела овие средства нити потпишала договор, мислам дека се тоа 120 милиони денари за следната година. Тоа е далеку од она што е потребно на ЈСП, но ние излеговме во пресрет кога требаше да се интервенира за да се обезбеди нафта за да можат автобусите да се сообраќаат соодветно и да превезуваат патници. Се што е во интерес на граѓаните ние ќе направиме, граѓаните не смеат да трпат. Во рамките на нашите ингеренции се разбира. Не смееме ни ние како Влада да излеземе надвор од нашите ингеренции, бидејќи утре ќе бидеме обвинети дека ненаменски сме потрошиле пари од буџетот, истакна Мицкоски на новинарско прашање дали ќе има пренамена на средства.

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје вчера испрати апел до Владата и Министерството за образование и наука, на владина седница да овозможат релоцирање на средства со цел продолжување на бесплатниот превоз за студентите во 2025 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се лажат ако мислат дека не надмудриле: Мицкоски разочаран од маркетите, ќе бара вонредна инспекција
Следна Статија Нашето законодавство има предвидено се што е потребно за лицата на црната листа на САД, смета Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мистерија стара 39 години: Дали смртта на архиепископот Ангелариј беше случајна сообраќајка или внимателно испланирана ликвидација?

На денешен ден, пред точно 39 години, на 15 јуни 1986 година, Македонија остана без вториот поглавар на Македонската православна…

June 15, 2025
BlogБАЛКАНЗДРАВЈЕМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од 2 милијарди денари на Фондот за здравствено осигурување

Денеска на покана на директорот на Фондот за здравствено осигурување сме овде. Можевме да видиме каква е реалната состојба што…

September 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Додека јас сум премиер нема да има непринципиелен договор со Бугарија

„Тоа што го направи дипломатијата на свиткана кичма на СДСМ и на ДУИ, нас не доведе во оваа ситуација. Значи…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерство за животна средина: Пластичниот отпад во Вардар е резултат на слаби комунални услуги и диви депонии

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека големите количини пластичен и друг амбалажен отпад во реката Вардар и…

October 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?