Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Академијата за судии и јавни обвинители веќе нема да има политизираност, туку транспарентно ќе се избираат членовите, вели Фетаи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во Академијата за судии и јавни обвинители веќе нема да има политизираност, туку транспарентно ќе се избираат членовите, вели Фетаи
МАКЕДОНИЈА

Во Академијата за судии и јавни обвинители веќе нема да има политизираност, туку транспарентно ќе се избираат членовите, вели Фетаи

Објавено October 13, 2024 18:24
Сподели
Сподели

Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи на денешната прес-конференција прашан за коментар во врска со случајот на неизбирањето на директор во Академијата за судии и јавни обвинители, посочи дека не може да се меша во работата на независните органи. Сепак, додаде дека во минатото оваа Академија се соочувала со голема политизираност, напоменувајќи дека во иднина ќе има транспарентни процеси на избирање на членови во ваквите институции.

Како вицепремиер и Влада не сакаме да се мешаме во работата на независните органи. Ние имаме ветување пред меѓународните партнери во рамките на реформската агенда со ЕУ за системски реформи во правосудниот систем. Ќе има сеопфатен процес кој ќе биде консултативен со заинтересираните странки и ќе излеземе со најдобрите можни решенија, вклучувајќи ја и Академијата, рече Фетаи.

Тој додаде дека во иднина ќе има транспарентни процеси за избирање на кандидати во академии, соодветно на нивните квалификации, потенцирајќи дека нема да има случаи каде членови ќе стануваат луѓе без положен правосуден тест.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мaж пронајден во бессознание во река во Гевгелија, починал во болница
Следна Статија Морничаво предвидување на Баба Ванѓа: Еве што најави за 2025 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тринаесет години од смртта на првиот претседател Киро Глигоров

На денешен ден пред 13 години почина првиот претседател на самостојна и независна Македонија, Киро Глигоров.  Глигоров е роден на…

January 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Експерти ќе им помагаат на руралните општини – Владата формира Ресурсен центар

Министерството за локална самоуправа ќе формира ресурсен центар составен од различни експерти, за да им помогне на руралните општини кои…

August 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Државната лабораторија неакредитирана – квалитетот на воздухот во најзагадениот град во Европа го следи само еден вработен

Централната лабораторија на Министерството за животна средина сѐ уште не е акредитирана за ниту една метода за следење на квалитетот…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скупи – Римскиот град под Зајчев Рид, археолошки бисер кој во себе крие неистражени тајни

На падините на Зајчев Рид, во близина на скопската населба Злокуќани, се наоѓа едно од најзначајните археолошки места во Македонија…

August 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?