Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја
ЕКОНОМИЈА

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Објавено November 22, 2024 21:00
Сподели
Сподели

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, се сретна со премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, јави дописникот на МИА од Белград.

-Со претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски за зајакнување на односите и заеднички иницијативи за постабилна иднина на нашите граѓани. Разговаравме за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент на изградбата на пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја која би ги поврзала јужна и централна Европа, како и за подобрување на трговската размена и соработка на полето на енергетиката, се наведува на официјалниот Инстаграм профил на претседателот на Србија.

Тој посочува дека се согласилеоти солидарноста и меѓусебната поддршка се клучни за стабилноста и развојот на целиот регион.

Особено сум благодарен за фактот што Северна Македонија е еден од клучните партнери во иницијативата Отворен Балкан, која стана симбол на силна регионална соработка и поврзување на Западен Балкан. Нашата заедничка цел е подобра иднина за сите граѓани, а соработката преку иницијативата Отворен Балкан и други проекти останува цврста основа врз која ја градиме иднината на целиот регион. Убеден сум дека ќе продолжиме да ги развиваме односите во духот на пријателството и партнерството, наведува Вучиќ.

Мицкоски е во дводневна посета на Србија по повод Меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Путин: Ракетниот систем Орешник е гарант за територијалниот интегритет на Русија
Следна Статија Екс српскиот министер за градежништво – Горан Весиќ штрајкува со глад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Светска Банка: Македонската економија ќе го забрза растот во следните неколку години

Македонската економија ќе има економски раст од 1,8% годинава, 2,5% догодина и 3% во 2026 година. Ова е проценката на…

October 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

И покрај периодот на исклучителни кризи, преку внимателно обмислени и добри политики и преку навремени мерки, Народната банка одигра значајна…

April 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Во 2031 година проектот брза пруга ќе биде завршен

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, најави дека проектот за брза пруга на Коридорот 10 влегува во клучна фаза…

January 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Фич го намали кредитниот рејтинг на Франција

Меѓународната рејтинг агенција Фич го намали кредитниот рејтинг на Франција, предупредувајќи дека политичката нестабилност го стеснува просторот за маневрирање за…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?