Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Започнува процесот на полагање за лиценци за работа во детските градинки што беше стопиран една година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Започнува процесот на полагање за лиценци за работа во детските градинки што беше стопиран една година
МАКЕДОНИЈА

Започнува процесот на полагање за лиценци за работа во детските градинки што беше стопиран една година

Објавено December 13, 2024 20:00
Сподели
Сподели

Измената на Законот за заштита на децата ја помина собраниската процедура, а со тоа започнува процесот на полагање за лиценци за работа во установите за деца.
Имено, од месец октомври 2023 година не се спроведува стручниот испит за стекнување на лиценца за работа во установите за деца, испит кој се однесува на сите кандидати кои сакаат да се вклучат во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.

Министерството за социјална политика, демографија и млади е надлежно за издавање на лиценците за работа и тоа: лиценца за стручен работник, за стручен соработник, за воспитувач, лиценца за негувател и лиценца за директор.

Лиценцата за работа кои ја добиваат лицата кои сакаат да се вклучат во системот за згрижување и воспитание за деца од предучилишна возраст е неопходен критериум, односно задолжителен услов кој истите мораат да го исполнат, односно без важечка лиценца за работа овие лица не можат да аплицираат за вработување во детските градинки, каде во моментов има најголема потреба од вработување на ваков кадар на државно ниво.

Измената на законското решение овозможува во исклучителни ситуации да се предвиди начин на кој ќе продолжи континуирано да тече процесот на полагање на испити за стекнување на лиценца за работа, односно со полагање на испитот во хартиена форма со времетраење до 01.01.2026 година.
Со измената на Законот се утврдува дека лиценцата за работа се издава на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Северна Македонија и неговото писмо, како и дека испитот за стекнување на лиценца за работа се полага на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните и неговото писмо.
Со овој Закон се менува називот на Министерството за труд и социјална политика, името на министерот и називот на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа (Службен весник на Република Македонија број 121/2024).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Босна и Херцеговина почнува забраната за пушење во сите затворени објекти
Следна Статија Забрана на увоз на возила постари од 10 години и под „ЕУРО5“ стандард, бараат граѓански организации

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дефектот на владиниот авион се случил на 3 декември, од Владата сметаат дека треба да се купи нов

Владиниот авион со кој претседателката Гордана Сиљановска-Давкова требаше да лета за Париз на отварањето на реновираната катедрала Нотр Дам, се…

December 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Адем Чучуљ избран за претседател на ДКСК

Собранието на денешната седница го избра Адем Чучуљ за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Од…

December 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Почнаа градежните работи на булеварот „Македонија“

Од денеска почнаа градежните активности на булеварот „Македонија“ со кои се очекува да се намалат сообраќајните гужви. Ќе се реализираат…

February 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски на министерскиот состанок на НАТО во Брисел: Остануваме силен и доверлив сојузник посветен на вложување во одбраната

-Денеска се обратив на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО каде ги пренесов нашите сегашни и идни приоритети во рамки…

June 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?