Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Верниците го започнуваат Петровденскиот пост
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Верниците го започнуваат Петровденскиот пост
МАКЕДОНИЈА

Верниците го започнуваат Петровденскиот пост

Објавено June 8, 2026 10:33
Сподели
Сподели

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар, денеска започнува Петровденскиот пост, посветен на светите апостоли Петар и Павле, и кој претходи на празникот Петровден, што се одбележува на 12 јули.

Должината на Петровденскиот пост зависи од датумот на Велигден, поради што неговото траење варира – од една седмица и еден ден, па сè до околу шест недели. Тој започнува по празникот Педесетница (Духовден), кој е подвижен празник и зависи од Велигден.

Постот е еден од четирите повеќедневни пости во Православната црква – Велигденскиот, Петровденскиот, Богородичниот и Божиќниот пост.

Неговата цел, според црковното учење, е духовно и телесно прочистување. Телесниот пост подразбира воздржување од храна од животинско потекло, додека духовниот пост подразбира воздржување од лоши мисли, зборови и дела, како и практикување покајание и љубов кон Бога и кон луѓето.

Петровденскиот пост има корени во раната историја на Црквата и е поврзан со подготовката на верниците за мисионерската служба на апостолите. Според црковното предание, тој бил воспоставен како духовно продолжување на празничниот период по Пасха, со цел засилување на духовниот подвиг.

Според црковните правила, постот е поблаг во однос на Великиот пост: во понеделник, среда и петок се практикува строг пост, во останатите денови е дозволена употреба на масло, додека за викендите е дозволена и риба. Во одредени празнични денови се применуваат ублажувања на постот, а дополнителни олеснувања се предвидуваат и за семејни празнувања, со благослов на духовник.

Постот завршува на 12 јули, на празникот на светите апостоли Петар и Павле (Петровден).

„Сетилниот пост од храна не можеме да го запазиме, како што го пазеле нашите отци и учители, но дури и да го запазевме, каква полза ќе имаме без духовниот пост, за кого Црквата ни вели: ‘да постиме со пост духовен, благопријатен на Господа’“, се наведува во црковните стихири од Триодот.

Во тие поуки се истакнува дека верниците треба да се трудат, спомнувајќи си за своите гревови, пред сè да имаат „срце скрушено и смирено“ (Пс. 50, 19), да не обрнуваат внимание на туѓите недостатоци и да не ги судат другите, туку да се фокусираат на сопствените слабости и да не дозволат страстите да преминат во дела, според учењето на преподобен Макариј Оптински.

Во дополнителна забелешка се посочува дека постот во понеделник, како и општо практикувањето пост во тој ден, потекнува од монашката традиција во древните византиски манастири. Освен средата и петокот, монасите започнале да постат и во понеделник, ден посветен на ангелите во православното богослужение.

Монашкиот начин на живот се смета за „ангелски образ“ на живеење, како стремеж кон уподобување на бесплотните сили. Поради тоа, постот во понеделник останува дел од монашката пракса и во многу црковни традиции, но не претставува задолжителна обврска за сите православни христијани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Им се допреле ретровизорите при возење, па тргнале да убиваат: Ќе им се суди на двајца браќа од Шишево
Следна Статија На 12 јуни започнуваат преговорите за „Роаминг како дома“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Над половина од проверените локали не ги исполнуваат минималните услови, преку 80 отсто ќе бидат затворени

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва рече дека се проверени повеќе од 60 - 70 локали, дури и оние со важечки лиценци,…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска од Тирана не ја коментираше вчерашната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев во однос…

June 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

По седум години, денеска се отвори етно-комплексот „Македонско село“

За мене претставува задоволство што уште еден заборавен, запуштен и би рекол полу уништен објект се става во функција, тоа…

June 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

На Касами не му е певлива „Денес над Македонија се раѓа“

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ го отвориле прашање за промена на државниот грб,…

February 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?