Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Високи претставници на бизнис секторот од Индија во посета на ТИРЗ Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Високи претставници на бизнис секторот од Индија во посета на ТИРЗ Скопје
ЕКОНОМИЈА

Високи претставници на бизнис секторот од Индија во посета на ТИРЗ Скопје

Објавено July 21, 2026 18:09
Сподели
Сподели

Висока бизнис делегација од Индија, составена од претставници на двете најголеми стопански комори во земјата, ASSOCHAM и FICCI, како и од сопственици и директори на водечки индиски компании од повеќе индустрии, денес ја посети ТИРЗ Скопје. Во рамки на посетата, директорот Гоце Димовски ги претстави инвестициските можности што ги нуди Македонија, поволностите за инвеститорите во технолошките индустриски развојни зони, како и услугите и институционалната поддршка што Дирекцијата ја обезбедува во текот на целиот инвестициски процес.

Димовски истакна дека Македонија претставува стабилна и конкурентна дестинација за странските инвеститори, со стратешка географска положба, квалификувана работна сила и поволна деловна клима, што ја прави атрактивна за компании кои сакаат да го прошират своето присуство на европскиот пазар.

За време на посетата, членовите на делегацијата се запознаа со условите за работење во ТИРЗ, успешните приказни на компаниите кои веќе инвестираат во зоните, како и со можностите за соработка во повеќе области. Воедно, беше организирана и посета на Џагатај Кабло, каде беше реализирана обиколка низ производствените капацитети и беа претставени активностите на компанијата, како пример за успешна инвестиција и позитивно деловно искуство во рамки на ТИРЗ.

Посетата претставува значаен чекор кон зајакнување на економската соработка со Индија и отворање нови можности за идни инвестиции и деловни партнерства со компании и институции од меѓународниот пазар. Индија, како една од најбрзо растечките економии во светот, претставува значаен партнер, особено во насока на привлекување нови инвестиции, размена на искуства и развој на идни проекти со висока додадена вредност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се намалува бројот на новопрегледани пациенти во Гостивар
Следна Статија (ВИДЕО) Паднати дрвја, покриви, оштетени возила во Скопје по страшното невреме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во официјална посета на Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Домаќин ќе му биде претседателката Гордана…

March 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Од 1 јули намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали

Владата го усвои Предлогот за измена на Законот за царинска тарифа, со кој се врши дополнително намалување на царинските стапки…

May 29, 2026
ЕКОНОМИЈА

ДРИН АХМЕТИ ЈА ГУБИ „СОРАВИЈА“: Деловниот центар оди на јавно наддавање со почетна цена од 22,4 милиони евра

Бизнис центарот „Соравиа“ во центарот на Скопје е ставен под извршителска продажба поради финансиски обврски кои не биле исполнети. Дрин…

April 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од денеска директни летови меѓу Охрид и Виена

Од денеска патниците од Охрид и регионот ќе можат директно да патуваат до австриската престолнина, откако официјално започнува со работа…

June 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?