Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лазаров: Ни следат нови мечеви со најдобрите во Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Лазаров: Ни следат нови мечеви со најдобрите во Европа
СПОРТ

Лазаров: Ни следат нови мечеви со најдобрите во Европа

Објавено May 12, 2025 08:35
Сподели
Сподели

По натпреварот со Литванија и пласманот на ЕП селекторот Кирил Лазаров даде коментар на одиграното и им честита на сите играчи за постигнатото.

„Сакам да им честитам на сите момци, им честитав во Естонија и ги поддржав. Дојде јавноста, не поддржи по победата со 19 гола разлика. Сите беа решени да се пласираат на ЕП 2026. Отворивме лошо, типично македонски. Но, како одминуваше време, така мечот замина на наша страна. Момците не се испаничија, покажаа карактер. Имавме екстра-квалитетен меч, знаевме што сакаме. Секоја чест за целиот тим. Сега ќе играме со најдобрите во Европа“, изјави Лазаров.

Капитенот Филип Кузмановски повторно ја водеше Македонија до нова победа во квалификациите, овој пат вредна за пласман на ново Европско првенство.

„Навистина пред сè сакам да се заблагодарам на целата публика за поддршката. Пласманот на ова Европско првенство многу ни значи. На Македонија таму ѝ е местото. Покажавме дека оваа екипа има квалитет и ветува многу за во иднина. Го покажавме тоа на Светското првенство, дека растеме како екипа и тим по долго време. Не издвојуваме поединци, туку сме заедно. Никого не го потценивме во нашата група, Литванија е одлична, но како што кажав пред последните два меча, сакаме две победи и успеавме да дојдеме до нив. Мечот го почнавме тешко, се почувствува замор затоа што е крај на сезоната. Можеби сме во добра форма, но чувствуваме замор. Ама кога играме за Македонија, имаме посебна енергија. Благодарност до целиот тим, одиме заедно на Европското првенство. Лично, се трудам да бидам пример затоа што сум капитен. Младите играчи треба да учат, како што ние учевме од Лазаров, Миркуловски, Мојсовски, Стоилов… Така тука сега има искусни играчи, мора да бидеме прав пример за сите, секогаш да бидеме на ниво и да играме во висок ритам.“

Ждрепката за групната фаза на Европскиот шампионат е на 15 мај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почнува Самитот Македонија 2025 – во фокусот забрзување на економскиот раст, дигитализација и вештачка интелигенција
Следна Статија Социјалистите на Еди Рама во убедливо водство на изборите во Албанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Андреј Арловски триумфира во борба без ракавици

Андреј Арловски ја освои титулата во тешка категорија во борба без ракавици против Бен Ротвел

February 9, 2026
СПОРТ

Миленикот на публиката на голот на Вардар го продолжи договорот

Вардар 1961 продолжува со договарање на играчи кои ќе донесат дополнителен квалитет во тимот. Голманот Мигел Еспиња Фереира (30) ќе го продолжи…

December 27, 2024
СПОРТ

Уапсен тинејџер – Упатил смртни закани до Мората и неговото семејство

Шпанската полиција го лоцира и уапси навивач кој им се закануваше со смрт на шпанскиот репрезентативец Алваро Мората и неговото…

June 25, 2025
СПОРТ

Станиќ: Промени ќе има, ќе имплементирам мои методи и принципи во У21 селекцијата

Горан Станиќ официјално беше претставен за нов селектор на репрезентацијата на Македонија до 21 година како замена за Драган Канатларовски…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?