Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Оставете нѐ да се европеизираме, вели Сиљановска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Оставете нѐ да се европеизираме, вели Сиљановска
МАКЕДОНИЈА

Оставете нѐ да се европеизираме, вели Сиљановска

Објавено June 12, 2026 22:05
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека во минатото често сме преферирале уставен релативизам, па дури и уставен нихилизам, осврнувајќи се на барањето од преговарачката рамка да бидат вметнати Бугарите во Уставот.

Во интервју за МИА таа вели дека треба да се залагаме за уставен патриотизам.

„Несоодветно се однесуваме кон законот на законите. Доказ? Тоа се 36 амандмани, најголем дел од нив иницирани од надвор. Прашањето е сега дали суверенитетот, при промените на Уставот, имавме предвид дека извира од граѓаните и им припаѓа ним, бидејќи обично сите преамбули ова го изразуваат и со првата реченица од преамбулата ‘Ние, народот…’ итн., ‘Ние, народот и меѓународната заедница’ или ‘Ние, народот и Европската унија’, или… Јас припаѓам на групата конституционалисти кои кога ги читаат темелните извори или уставните извори на Европската унија, ги читаат не само низ очите на членките на ЕУ, туку и низ очите на кандидатите, сметаат дека тие треба европеизирани да отвораат поглавја, кластери или да бидат веќе со европски капацитет кога ќе влезат внатре“, вели таа.

Претседателката нагласува:

„Оставете нѐ да се европеизираме на патот, да станеме компатибилни со она што го бараат Копенхашките критериуми. Како? Не губејќи го времето на решавање на историски прашања, бидејќи тие се исклучени од идентитетските, од конститутивните акти на ЕУ, преку членот дека ќе се почитуваа националниот и културниот идентитет, и да се концентрираме на европеизацијата“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Акциите на „СпејсИкс“ скокнаа за 11 отсто на историското деби на берзата, сега вреди 2 билиони долари
Следна Статија Фејсбук и Инстаграм повторно се во функција, велат од „Мета“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Повеќе полиција отколку македонски Бугари: Само десетина луѓе се собраа во чест на Мара Бунева

Повеќе полиција отколку почитувачи на ликот и делото на Мара Бунева. Само десетина македонски граѓани со бугарска самосвест денеска учестуваа…

January 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Груби ако е чист како солза нека се врати за да докаже на суд

Имаме комуникација и одлична соработка со министерствата за внатрешни работи од соседните земји, но официјална потврда за бегалци од правдата…

December 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ќе се обноват погоните, а вработените ќе се вратат на работа, најавија од менаџментот на Макпрогрес Винчини

Изгорените производствени линии на фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес Винчини“ од Виница експресно ќе бидат обновени, а работа ќе се…

September 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави нов договор со европска држава

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Делчево изјави дека фокусот на Владата е да се реализираат странски инвестиции на цела територија…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?