Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трајановски: За само една година пуштивме 101 километар патишта вредни 200 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Трајановски: За само една година пуштивме 101 километар патишта вредни 200 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

Трајановски: За само една година пуштивме 101 километар патишта вредни 200 милиони евра

Објавено August 24, 2025 16:14
Сподели
Сподели

Државните патишта се многу важен фактор за функционирање и за развој на државата, воедно, тие се многу важни и за локалната самоуправа, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски на денешната панел-дискусија во рамките на настанот Саем-Отчет, насловен како „Четири години инвестиции во инфраструктурата“.

Трајановски посочи дека во изминатиот период од година дена, колку што ВМРО-ДПМНЕ е централна власт, се направи многу во областа на државните патишта бидејќи заедно со Владата, ресорното министерство и со градоначалниците се работи тимски.

  • „Во изминатата година дена, завршивме и пуштивме во употреба 101 километар од експресни и регионални патишта и тие се во вредност од околу 200 милиони евра. Значи, толку да се направи и толку да се инвестира сигурно е дел од една тимска работа, пред се од Јавното претпријатие и на институциите од централната власт коишто помагаат. Тука се бирото за проценка, управата за имотно правни односи, Катастар и останатите“, рече Трајановски.

Понатаму, Трајановски рече, го завршивме патот Страцин-Длабочица, Длабочица-Крива Паланка, кој е во вредност од околу 100-тина милиони евра, како и патот Градско-Дреново, па Дреново-Фариш, патот од почетокот на Гевгелија па се до влезот во Богданци, патот од Охрид до Свети Наум.

  • „Сите овие беа патишта коишто, за жал, ги наследивме или закочени, или пак беа во некоја, многу блага форма на изработка. Сето тоа успеавме, заедно со министерството и Владата, сето тоа да го ставиме во функција и многу брзо да ги изградиме“, истакна, меѓу другото, Трајановски.
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тензично во Естонија: Се подготвуваме за војна со Русија, но не им се плашиме (ВИДЕО)
Следна Статија Роберт Скот: НДИ соработува со владата и општините преку програмата за градење отпорност кон корупцијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Македонија првпат добива Методологија за енергетска сиромаштија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини доби позитивен одговор од Секретаријатот на Енергетската заедница за драфт-верзијата на Методологијата за…

September 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Лагард: Странските работници ја поттикнаа економијата на еврозоната

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, вчера изјави дека доаѓањето на работници од странство ја стимулирало економијата во…

August 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2025 година

По повод денот на монетарната самостојност, Народната банка традиционално ја додели Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од…

May 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид влегува во завршна фаза, дел од овој патен правец ќе биде пуштен во употреба пред ова лето

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Македонија, влегува во завршна фаза. Овој автопат, дел…

March 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?