Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата му одговара на Филипче: Буџетот е стабилен и ликвиден
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Владата му одговара на Филипче: Буџетот е стабилен и ликвиден
ПОЛИТИКА

Владата му одговара на Филипче: Буџетот е стабилен и ликвиден

Објавено October 15, 2025 17:27
Сподели
Сподели

Владата го прекори лидерот на опозицијата, Венко Филипче, дека не се разбирал во економијата откако тој денеска на прес-конференција изјави дека буџетската дупка до крајот на годината ќе биде 1,4 милијарди евра. Буџетот е стабилен и ликвиден. Сите обврски кон граѓаните, компаниите и институциите се сервисираат редовно и навремено, велат од Владата.

„Од Филипче не очекуваме да знае и да биде економист, но одговорноста налага барем да се консултира со некого што разбира бројки. Очигледно, советниците на Филипче не му ја завршиле домашната задача. Наместо да информираат, тие се обидуваат политички да го излизгаат со неточни податоци за економијата. Владата нема намера да учествува во евтини политички препукувања, но должноста е наша да ги изнесеме фактите“, посочуваат од Владата.

Оттаму велат дека дефицитот е под контрола, јавниот долг е стабилизиран, а задолжувањата се во рамките на законските лимити и насочени кон развој, а не кон популизам. „Проектираниот буџетски дефицит за 2025 година изнесува 41,4 милијарди денари, што е 3,3 милијарди денари пониско од 2024 година. Реализацијата досега изнесува 36,4 милијарди денари, што е во рамки на планот“, вели Владата.

Јавниот долг заклучно со јули, посочуваат, изнесува 58,7 проценти, а се очекува до крајот на 2025 година да биде понизок од проектираниот 62,1 процент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд
Следна Статија Мицкоски: Апатичноста е најголем сојузник на оние кои немаат добри намери кон државата, не им помагајте со седење дома

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Петрушевски: Филипче е должен да одговори дали имал за цел со преземање на болницата Жан Митрев да си приватизира за лична корист пари од народот

Венко Филипче за седум години власт на СДС очигледно во фокусот му биле само работи од негов личен интерес и…

January 26, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Венко и Стевчо тајно во седиштето на СДСМ премерувале како да обезбедат 2.000 гласа за Јакимовски од СДСМ

На вчерашниот митинг во Карпош во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот…

October 9, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Скандали и афери не престануваат да го следат СДС, Рашковски фатен со 20 илјади евра на граница за кои немал покритие

Скандали и афери не престануваат да го следат СДС, Рашковски фатен со 20 илјади евра на граница за кои немал…

September 6, 2025
ПОЛИТИКА

Трајанов: Предлог законот за една изборна единица ќе го доставиме во Парламентот

По најавата на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, дека е подготвен да се донесе закон, со…

May 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?