Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Каменицки: Словачка може да и позавиди на Македонија, имате раст од околу три отсто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Каменицки: Словачка може да и позавиди на Македонија, имате раст од околу три отсто
ЕКОНОМИЈА

Каменицки: Словачка може да и позавиди на Македонија, имате раст од околу три отсто

Објавено December 4, 2025 15:35
Сподели
Сподели

Можностите за развој на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа по склучувањето на Меморандумот за соработка меѓу седум земји-членки на Европската Унија и  Македонија, даночната евазија и македонскиот евроинтеграциски процес, беа само дел од темите на денешната средба меѓу министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и нејзиниот словачки колега Ладислав Каменицки кој е во прва официјална посета на земјава.

Како што оценија Димитриеска-Кочоска и Каменицки, посетата го потврдува силниот интерес за продлабочување на економските и политичките односи меѓу двете држави.

-За време на средбата разменивме мислења за низа прашања од заеднички интерес и оценивме дека има широк потенцијал за понатамошно унапредување на соработката. Се осврнавме меѓу другото на можностите за развој на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа по склучувањето на Меморандумот за соработка меѓу седум земји-членки на Европската Унија и Северна Македонија. Тоа е иницијатива од огромно значење, бидејќи овозможува интеграција на финансиските пазари, создавање подинамична економска средина и нови извори на капитал за приватниот сектор. Словачка е важен партнер во оваа иницијатива и ја поздравуваме нивната подготвеност за заеднички развој на системски реформи во овој сегмент. Македонија има јасна и амбициозна агенда за јакнење на јавните финансии, фискална дисциплина, подобрување на деловното окружување и спроведување проекти што директно придонесуваат за економски раст, што е и дел од препораките во последниот Извештај на Европската комисија како и oд економските и институционалните реформи кои произлегуваат од Реформската агенда, истакна Димитриеска-Кочоска.

Таа изрази благодарност за поддршката што Словачка ја дава во делот на јавните финансии, борбата против даночното затајување и трансферот на know-how, што е, рече, многу значајно за исполнување на критериумите за членство во ЕУ.

-Македонија и Словачка се пријателски земји кои споделуваат заедничка визија – силен и стабилен регион, интегриран во Европската Унија, со отворени пазари, развиени институции и стабилни економии. Оваа посета е потврда за континуитетот на нашата меѓусебна соработка и сигурен чекор напред за продлабочување на политичкиот дијалог на највисоко ниво. Убеденa сум дека и во наредниот период ќе продолжиме да работиме заедно на реализација на реформите, зајакнување на економската соработка и создавање нови можности за граѓаните и бизнисите на двете земји. Денеска остваривме многу плодна и суштинска средба со мојот колега. Оваа посета ја потврдува долгогодишната поддршка на Словачка за евро-атлантските интеграции на нашата земја, нагласи министерката.

Каменицки напомена дека Словачка е подготвена да и помогне на Македонија, посебно во делот на евроинтеграцискиот процес, но сака и да црпи македонски искуства, оосбено во делот на издавањето фискални сметки.

-Она што сакаме да го постигнеме со Меморандумот за соработка, постои во САД, но ние би сакале да се примени во Европа. Сметаме дека е битно, особено за бизнисите кои можат да ја искористат оваа прилика за да ги финансираат своите подвизи со поинакви обврзници. Ова го отвора пазарот на осумте земји потписнички на Меморандумот каде граѓаните и претприемачите и од Македонија ќе може да учествуваат заедно на пазарот на капитал. Ова е важно и зашто ЕУ веќе 10 години се обидува да воспостави ваква унија на пазари на капитал, но досега тоа не беш баш успешно. Овој проект што ние го направивме е всушност единствен во Европа во чии рамки граѓаните можат да учествуваат на пазарите на капитал, потенцира словачкиот министер.

Одогворајќи на новинарски прашања, министерот рече дека инфлацијата на ниво на ЕУ во моментов е 2 до 3 отсто, а во Словачка изнесува околу 4 проценти.

-Во 2020 – 2021 година имаше КОВИД-криза, настрадаа сите држави. Не само ние, туку и другите земји имаат огромни задолжувања. Втор пат сум министер за финансии. Првиот пат си заминав од функцијата со еден отсто дефицит, а кога се вратив лани затекнав дефицит повеќе од 6 проценти. Инаку, и Словачка им помага на граѓаните, ги стимулира во однос на некои од енергетските производи. Во однос на енергетиката, сметам дека во Европа конкуренцијата на испорачувачите на енергија не е на тој степен колку што би сакале ние, прилично е ограничена. Би требало да се дозволи да се купува енергија таму каде што е поветина, каде што повеќе ни одговара, отколку да биде ограничена конкуренција како што е во моментот. Словачка произведува многу струја, имаме атомски централи, сега планираме изградба на уште еден капацитет за атомска енергија. За да биде Европа конкурентна, треба цените на енергијата да бидат колку што е можно пониски, подвлече Каменицки.

Тој информира и дека во Словачка во однос на даночните затајувања и повратот на данокот се воведе електронски систем за обработка на даноците и електронско фактурирање за да се врши контрола од страна на Даночната управа. -Со ова сме дури и понапред во однос на ЕУ зашто ЕУ очекува сите овие процеси и е-фактурите да се воведат до 2030 година, истакна Каменицки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриеска-Кочоска: Не доцни повратот на ДДВ и нема никаков проблем со Буџетот, проблем се застарените системи на УЈП
Следна Статија Одбраната на обезбедувањето тврди дека не постоел план и договор за физичко обезбедување на „Пулс“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Точно се определени начините како можат да се трошат средствата обезбедени преку кредитната линија од Унгарија

Средствата обезбедени преку кредитните линии од Унгарија се трошат наменски. Владата има донесено уредба со која точно се дефинирани начините…

February 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Енергетските компании бараат цената на парното да се зголеми за 50%

Енергетските компании задолжни за топлинската енергија во Скопје бараат зголемување на цената која ја плаќаат граѓаните за дури 50 отсто.…

July 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Сѐ поголема употреба на дигиталните канали за плаќање во земјата

Дигитализацијата носи значајни промени во начинот на кој граѓаните ги извршуваат своите плаќања. Во последните години, употребата на дигиталните канали…

April 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јајца ќе има, смируваат надлежните

Министерството за економија и труд заедно со министерството за земјоделство будно ги следи состојбите со пазарот на конзумни јајца и…

March 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?