Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Левица: Власта молчи пред дивеењето на Мијалков на Охридското езеро
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Левица: Власта молчи пред дивеењето на Мијалков на Охридското езеро
ПОЛИТИКА

Левица: Власта молчи пред дивеењето на Мијалков на Охридското езеро

Објавено April 27, 2025 11:20
Сподели
Сподели

Периодов интензивно се одвиваат градежни активности на самото крајбрежје на Охридското езеро, во локалитетот познат како Горица 3, додека инвеститор е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков со неговата компанија „Дивелоп Груп”. Историјата на овој луксузен хотел е контроверзна, а за неговите потреби беше уништена и опожарена шума стара 70 години, додека виновниците за пожарот никогаш не беа лоцирани, велат од Левица.

– Скандалозно е што овој хотел се гради во критична зона, за која и во Планот за управување со Охридскиот регион е нотирано дека треба да се сопре било каква урбанизација, се додека не се усвојат сите плански документи за заштита на природните реткости, кои постојано се под напад од спрегата урбанистичка мафија-власт.

Информациите кои пристигнаа до Левица се дека за овој хотел никогаш не било изготвено Решение по елаборат за животна средина – документ без кој не е возможно воопшто да се издаде одобрение за градба. Но, за луксузниот хотел на Мијалкови молчи градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, чиј цел мандат го одработи единствено за интересите на неколку локални моќници во бизнисот со градежништвото. Молчи инспекторатот за животната средина, молчи Управата за заштита на културно наследство, додека секојдневно премиерот Мицкоски најавува дека одговорност мора да има за сите.

Јавно го прашуваме претседателот на Владата дали ќе има одговорност и за нивниот поранешен сопартиец, Сашо Мијалков, кој своето богаство го наталожи за време на владеењето на ДПМНЕ, а амнестијата ја доби под закрила на СДС?! Се работи за флагрантно дивеење и кршење на законите, каде Мијалков се стекна со 15.000 квадрати државно земјиште на една од најатрактивните локации во Охрид, додека пак скандалозно донесен урбанистички план воопшто не е ревидиран од аспект на неговата усогласеност со Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот Регион.

Градоначалникот Пецаков, очигледно за да ги задоволи бизнис-интересите на поранешните функционери на ДПМНЕ, не ја реализира својата законска обврска за изменување на урбанистичкиот план на Горица 3, со што де факто ќе го спречеше беззаконието кое во континуитет го деградира Охридското крајбрежје. Наместо празните флоскули на власта дека “и сопствениот брат ќе одговора”, Левица апелира да почнат од својот поранешен висок функционер, кој очигледно е амнестиран од здружените интереси на ДПМНЕ и СДС, се вели во соопштението од Левица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анкета: Позитивно мислење на граѓаните за справувањето на надлежните институции со трагедијата во Кочани
Следна Статија За увид во состојбата во „м-КЛИК“ ќе одземаат пари од сметка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Мицкоски го избриша македонскиот јазик од Европскиот парламент и треба да сноси одговорност

Заради теснополитички интереси, тој одново ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент – прашање што беше затворено, а…

July 3, 2025
ПОЛИТИКА

Три пратенички места остануваат празни

На тројца пратеници од Собранието официјално им престана пратеничкиот мандат, откако беа избрани за градоначалници на Локалните избори 2025. Државната…

November 3, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО го спроведува планот за раситнување на опозицискиот блок

Проектот ЗНАМ, сателит партијата на ВМРО, се дели и веќе бидејќи е целосно маргинализирана со што заочнува планот за раситнување…

January 26, 2026
ПОЛИТИКА

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25% повеќе пари за здравството од оваа година, владата на ВМРО-ДПМНЕ го реализира ветеното

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25% повеќе пари за здравството од оваа година, владата на ВМРО-ДПМНЕ го реализира ветеното.…

November 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?