Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: За дел од трговците има постапки пред институциите, девијантното однесување ќе се сведе на минимум
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: За дел од трговците има постапки пред институциите, девијантното однесување ќе се сведе на минимум
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За дел од трговците има постапки пред институциите, девијантното однесување ќе се сведе на минимум

Објавено September 17, 2025 15:18
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека веќе има постапки за дел од трговците поради состојбата со цените на храната и оти е убеден дека, како што изјави денеска, девијантното однесување кај синџирите-маркети ќе се сведе на минимум.

На новинарско прашање за индексите на цените во земјоделството во август годинава Мицкоски наведе дека трошоците за импут во создавањето на земјоделскиот производ се зголемени за над два проценти, а за аутпутот, цената со која го продаваат земјоделците производот, за над 12-13 проценти.

Тој производ тие го продаваат или на маркетите или директно на трговците. Порано состојбата во делот на аутпутот била негативна затоа што одредени политички елити во соработка со одредени трговци свесно ја држеле ниска цената при аутпутот односно онаа цена по која земјоделците ги продаваат своите производи и честопати работеле по принципот пола со пола. Ова не е нешто ново, тоа го кажуваат дел од самите трговци кои соработувале со такви луѓе кои во тоа време биле на водечки позиции во државата и во Министерството за земјоделство. Прашувате дали тие производите кога ќе дојдат на полиците во маркетите ќе имаат повисока цена. Да, претпоставувам дека тоа ќе биде така, но она што не охрабрува е што на месечна основа, во август споредено со јули, имаме конечно намалување, односно после неколку години храната е во минус, за 0,7 проценти – рече Мицкоски при денешната посета на Куманово.

Очекувам, дополни, тој тренд да продолжи во периодот што следи.

Преку Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренцијата секојдневно вршиме инспекциски надзор, ги следиме движењата и убеден сум дека таков тип на девијатно однесување кај ланците маркети во периодот што следи ќе биде сведено на минимум – посочи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Османи за Самитот на ОБСЕ изнајмувал вип возила за 500 евра на ден, вкупно околу еден милион евра
Следна Статија Обвинение за Мерко за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија Пат е во многу лоша состојба – после избори ќе го реконструираме претпријатието

Планираме целосна реконструкција на Јавното претпријатие “Македонија пат” веднаш по изборите. Претпријатието има наследени милионски долгови и потребно е итно…

August 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Линеарното покачување на пензиите од 1.000 денари ќе стигне во Собранието пред да се распишат изборите, вели Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дали повторно ќе може да се очекува…

July 22, 2025

Криптовалутните цени паѓаат: Стратегии за инвестирање во несигурни времиња

Паметни пристапи за инвестирање во криптовалутниот пазар during променливи услови

February 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

УЈП од електронски аукции во државниот буџет инкасирала 314 230 евра

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека за период 01.01 до 31.07.2025 година, преку спроведување електронски аукции на движни и…

August 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?