Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема пушење електронски цигари во затворено, ќе се забрани продажба на сите вкусови кои се благи и атрактивни за младите, соопши министерот Алиу
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Нема пушење електронски цигари во затворено, ќе се забрани продажба на сите вкусови кои се благи и атрактивни за младите, соопши министерот Алиу
ЗДРАВЈЕ

Нема пушење електронски цигари во затворено, ќе се забрани продажба на сите вкусови кои се благи и атрактивни за младите, соопши министерот Алиу

Објавено February 24, 2026 16:49
Сподели
Сподели

Нема пушење електорнски цигари во затворен простор и строго ќе бидат забранети за продажба сите вкусови кои се благи и атрактивни за младите, бидејќи како држава сме на врвот во Европа по консумирање на овие ткн. „помалку штетни“ или модерни електорнски цигари, изјави денеска на прес-конфренција во Владата министерот за здравство Азир Алиу.

Алиу соопшти дека се сретнале работните групи, имале консултации со стручните лица и со сите засегнати страни во државата во однос на новиот закон против пушење. Како што кажа, тој закон е веќе завршен.

 

Постигнат е договор меѓу Влада на Македонија и претставниците на угостителскиот сектор за новите правила за пушење во кафеаните, рестораните и баровите. По неколкунеделни разговори и реакции од сопствениците на локали, договорено е да се направи компромис околу условите за користење на терасите. Според договореното решение, забраната за пушење во затворените простории останува целосна. Тоа значи дека во внатрешните делови на угостителските објекти нема да биде дозволено пушење цигари, електронски цигари и други тутунски и никотински производи.

 

Новината се однесува на терасите и летните бавчи. Пушење ќе биде дозволено на отворените делови, но само доколку тие имаат најмалку две целосно отворени страни и обезбедено природно проветрување. Првичниот предлог предвидуваше построги услови, односно три отворени страни, што предизвика силни реакции од угостителите кои тврдеа дека голем дел од локалите нема да можат да ги исполнат тие критериуми.

 

Исто така, заедно јас и премиерот имавме неколку состаноци и со производителите, и со потрошувачите, но исто така и со компаниите – со ресторани, со кафулиња и така натаму. ​Дефинитивно имаше забелешки коишто беа логични и може да бидат прифатени, но имаше и такви коишто не беа прифатени. Не беше прифатено барањето електронските цигари да продолжат да се консумираат во затворени простории. Цениме дека тие се исто толку штетни колку и традиционалните цигари и нема да биде дозволено нивно консумирање внатре, кажа Алиу на прес-конфренција во Владата.

 

 

За електронските цигари со вкус кажа дека ова барање е делумно прифатено.

 

Постојат вкусови кои се директно наменети за младата популација, а целта на законот е заштита на населението со фокус на младите. Како држава сме на врвот во Европа по консумирање на овие т.н. „помалку штетни“ или модерни електронски цигари. Ќе бидат строго забранети за продажба сите вкусови кои се благи и атрактивни за младите. Според направените анализи и барања, ќе дозволиме да се продаваат само електронски цигари со неутрален вкус и со вкус на тутун, додаде Алиу.

 

​Алиу објасни дека е прифатено одложувањето на примената на законот за тераси, односно отворени тераси од три страни коишто, за жал, сега се затворени.

 

Им треба време за да може инфраструктурно да се прилагодат кон законот. Законот, освен забрана на простории каде што може и не може да се пуши, има и една голема битна компонента, а тоа е информирање и едукација на населението за штетите од пушењето. Целта е населението кое веќе консумира традиционални цигари да може да се префрли на електронски, но тие да не бидат привлечни за младите, бидејќи сметаме дека со нив младите почнуваат да пушат, кажа Алиу на средбата со новинарите во Владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Институтот за јавно здравје со препораки за Велигденскиот пост
Следна Статија Ел Менчо“ ќе ги одложи баражите за СП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Депресија, изместен биоритам– што ни носи промената на часовникот

Ноќва почнува зимското сметање на времето, при што стрелките се поместуваат еден час наназад. Со ова, луѓето „добиваат“ 60 минути…

October 26, 2024
ЗДРАВЈЕ

Клиниката за уво, нос и грло доби опрема што е реткост во регионот

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу денес ја посетија реконструираната Клиника за уво, нос и грло во…

August 1, 2025
ЗДРАВЈЕ

Револуционерниот успех на докторите: „Имаме третман за една од најстрашните болести“

Во револуционерно клиничко испитување, лекарите за прв пат успешно ја излекуваа Хантингтоновата болест, катастрофална наследна болест која постепено ги уништува…

September 24, 2025
ЗДРАВЈЕ

Формирана стручна комисија за тригодишното дете од Кавадарци кое почина на пат кон Скопје

Комисија составена од кардиолози, ендокринолози и специјалисти од оддел за интензивна нега и терапија ќе го истражуваат случајот со тригодишното…

June 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?