Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Социјалистите на Еди Рама во убедливо водство на изборите во Албанија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Социјалистите на Еди Рама во убедливо водство на изборите во Албанија
БАЛКАН

Социјалистите на Еди Рама во убедливо водство на изборите во Албанија

Објавено May 12, 2025 08:43
Сподели
Сподели

Социјалистичката партија на албанскиот премиер Еди Рама води на парламентарните избори, по отворањето на првите гласачки кутии, објавува утрово „Албански пост“, повикувајќи се на податоците објавени од Централната изборна комисија (ЦИК), кои се однесуваат на првите 1.038 гласачки кутии отворени низ цела Албанија, од вкупно 5.225.

Според податоците објавени од ЦИК, Социјалистичката партија успеа да добие 53,26 проценти од гласовите на вчерашните избори.

Според проекциите на албанскиот весник, Социјалистичката партија најверојатно е на пат кон својот четврти мандат, со оглед на тоа што убедливо води и има предност во поголемиот дел од окрузите во земјата, откако беа отворени првите гласачки кутии.

Премиерот Рама се огласи на социјалните мрежи рано изутрина, објавувајќи фотографија од розовото партиско седиште со симболичната порака: „Каква зора е денес“, придружена со бројот 5 – изборниот број на партијата.

Од друга страна, коалицијата предводена од Демократската партија (ДП) освои 50 мандати, што е за 13 помалку од претходните избори.

Лидерот на ДП, Сали Бериша, на прес-конференција нешто пред полноќ, не прецизираше дали ќе го признае изборниот резултат, тврдејќи дека „силеџиите од Драч“ се обидуваат да го фалсификуваат исходот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лазаров: Ни следат нови мечеви со најдобрите во Европа
Следна Статија САД, по трговските преговори, велат дека е постигнат „договор“ со Кина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Во Турција откриени и запленети фалсификувани девизи во вредност од 100 милиони евра

Турската полиција во Истанбул откри и заплени фалсификувани банкноти американски долари, саудиски ријали и египетски фунти во вредност од околу…

May 30, 2025
БАЛКАН

„Беше зашеметена, во тешка состојба и плачеше“: Пронајдена е на нива како лежи – изјавил спасувачот кој ја пронашол двегодишната Дуња

Детето имаше многу смрзнатини, беше во тешка состојба, но за среќа стигнавме на време и се надеваме дека ќе биде…

March 4, 2025
БАЛКАН

Експерти од ФСБ ќе утврдуваат дали на протестите во Белград бил употребен звучен топ

Во Србија пристигнаа експерти од Федералната служба на Русија во врска со наводната употреба на звучен топ на протестот на…

March 30, 2025
БАЛКАН

Студентите во блокада во Србија најавија собири за вечерва во Белград и во многу градови во државата

Студентите во блокада во Белград најавија протест наречен „Србијо, разбуди се“ за вечерва во 20 часот на неколку локации во…

August 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?