Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средба Ѓорѓиевски – Иванов: Во фокусот Форумот за културна дипломатија „Форум Скопје“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Средба Ѓорѓиевски – Иванов: Во фокусот Форумот за културна дипломатија „Форум Скопје“
МАКЕДОНИЈА

Средба Ѓорѓиевски – Иванов: Во фокусот Форумот за културна дипломатија „Форум Скопје“

Објавено February 5, 2026 21:10
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска се сретна со поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов.

– Денес остварив средба со поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, во духот на отворен и содржаен дијалог. Во фокусот на разговорите беше Форумот за културна дипломатија „Форум Скопје“, кој оваа година по четврти пат се одржува во организација на Клубот Скопје. Овој форум се етаблира како силна и релевантна платформа за промоција на културната дипломатија, обединувајќи истакнати личности од областа на културата, дипломатијата и јавниот живот од земјата и од странство. Преку вакви иницијативи се создаваат нови можности за меѓународно вмрежување, размена на идеи и продлабочување на соработката меѓу Град Скопје, други градови и значајни меѓународни партнери, стои во објавата на Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

На средбата, како што наведува, разменивме мислења и искуства за актуелните состојби во државата и регионот, при што посебен акцент беше ставен на улогата на културната дипломатија како мост меѓу народите и како важен инструмент за јакнење на меѓународната соработка, дијалогот и заемното разбирање.

– Секогаш е задоволство да се слушнат размислувања и ставови од човек кој со својата работа и ангажман остави длабока и трајна трага во Македонија. Честа беше моја, се вели во објавата на градоначалникот Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Законот мора да се почитува и да има ред, вели Мицкоски по протестите за „Сејф сити“
Следна Статија Ако ЕУ го гарантира идентитетот, нека го потврди со одлука – подготвени сме да испорачаме само со веродостојни гаранции, вели Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Инвестираме низ целата територија на Македонија, започна изградба на детска градинка во Кисела Вода

Сите овие проекти се прават за најмладите, за оние на кои што им е потребно да своите најрани години ги…

November 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Патувањата во ЕУ ќе не чинат повеќе: Наместо 7 ќе плаќаме 20 евра

Европската Унија објави датум за старт на Системот за влез/излез (ЕЕС) и потврди дека таксата за влез преку ЕИАС-системот се…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Ја пуштаме за сообраќај новата пруга Куманово – Бељаковце, ова е поттик за економски напредок на регионот

Само со посветенот и одговорност, за две недели можат да се пуштат во употреба три крупни капитални проекти. Денеска ја…

January 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Собранието ќе објави нов оглас за член на Судскиот совет, претходниот оглас повлечен

Собранието ќе објави нов оглас за член на Судскиот совет, а претходниот оглас се повлекува, информира претседателот на собраниската Комисија…

January 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?