Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стрико на поранешен министер од ДУИ се токми да биде претседател на Советот на јавни обвинители
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Стрико на поранешен министер од ДУИ се токми да биде претседател на Советот на јавни обвинители
МАКЕДОНИЈА

Стрико на поранешен министер од ДУИ се токми да биде претседател на Советот на јавни обвинители

Објавено September 26, 2025 08:30
Сподели
Сподели

Кадрите блиски до СДСМ и ДУИ кои се дел од Советот на јавните обвинители (СЈО) идниот вторник започнуваат постапка за избор на нов претседател на СЈО, со цел да го задржат влијанието во јавното обвинителство. Во обвинителските кругови се коментира дека за обвинителите кои се блиски до ДУИ оваа позиција е многу посакувана, со цел да се опструира процесуирањето на отворените постапки за дел од кадрите на ДУИ, како што се предметите за Артан Груби и Перпарим Бајрами, но и за модуларната болница, случај во кој првостепено е осуден екс директорот Флорин Бесими, внук на обвинителот Башким Бесими и брат на поранешниот министер за финансии Фатмир Бесими.

За кадрите во ЈО кои се блиски до СДСМ, велат тие, контролата на оваа институција е битна заради предметот за додатоците на обвинителите од поранешното СЈО, меѓу кои лично засегнати се обвинителите Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска.

Според обвинителите со кои разговаравме главен координатор на оваа операција бил државниот обвинител Љупчо Коцевски, кој во изборот на Башким Бесими за нов претседател на Советот на јавни обвинители  гледал шанса за негово понатамошно влијание и во периодот после неговото разрешување од позицијата главен државен обвинител .

По обвинувањата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во врска со скандалот со прислушкувањето од страна на АНБ, Коцевски е битна карика во синџирот на СДСМ, во врска со следењето на тогашниот прв опозиционер Христијан Мицкоски, како и одредени новинари и бизнисмени – коментираат обвинителите.

Од извори во Советот на јавни обвинители, дознаваме дека на последниот колегиум, Ермон Незири, член на Советот и близок пријател на Гаврил Бубевски, го предложил Башким Бесими, стрико на бившиот министер за финансии од редовите на ДУИ, за иден претсдател на Советот за јавните обвинители.

Државниот обвинител Коцевски активно лобирал кај членовите на Советот да гласаат за Бесими да биде избран за прв човек на оваа институција, а најголеми напори вложува да ја добие поддршката на актуелната престдателка на СЈО, Душица Димитриевска, на која овој месец И истекува мандатот на таа позиција. Инаку Башким Бесими е роден во 1966 година во Тетово, а правен факултет дипломирал на факултетот во Приштина во 1991 година.

Ваквата агилност на обвинителите блиски до СДСМ и ДУИ во изборот на претседател на Советот најавниобвинители, има за цел да се минимизираат најавените реформи во судството, како и да се саботира одговорноста пред законот на одредени фунцкионери од поранешната власт за кои постојат оформени предмети.

Извор: Курир 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЗОО Скопје: Нема простор за паника во врска со појавата на животинска туберкулоза кај поединечни животни
Следна Статија 40 евра казна ако користите телефон додека преминувате пешачки, 50 евра со тротинет – новите правила од денеска на сила

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Златен, сребрен и три бронзени медали освоија македонски средношколци на Балканската математичка олимпијада

Македонските средношколци постигнаа одлични резултати на Балканската математичка олимпијада (БМО) 2025, која се одржа во главниот град на Босна и…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Мицкоски во Германија оствари средба со македонската дијаспора

Во предвечерието на мојот престој во Берлин СР Германија, остварив средба со македонската дијаспора, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Разговаравме за…

October 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пратеник од „фронтот“ на ДУИ не прифаќа да ја води Комисијата за социјална политика

Претседателот на Собранието, Африм Гаши го назначи пратеникот на „Европскиот фронт“ Бејџан Илјас да ја води собраниската Комисија за социјална…

March 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Британската амбасада со официјална Фејсбук потврда дека договорот со Македонија е зајакнување на пријателството и економскиот раст и развој

На официјалниот Фејсбук-профил на Британската амбасада се појави вест која јасно ја потврдува големината и суштината на историскиот договор за…

May 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?