Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки

Објавено August 17, 2025 20:06
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје денеска реализираа превентивна акција „Внимавај телефонски измами“ насочена кон едукација на нашите повозрасни граѓани кои се најчеста жртва на таквите измами.

Како што соопшти МВР, преку непосреден разговор и делење на едукативен материјал граѓаните беа едуцирани дека најчест вид на измама е измамата со лажна сообраќајна незгода во која измамниците претставувајќи се на телефон како полициски службеник, адвокат, обвинител или доктор ги лажат жртвите дека нивното дете повредило некого во сообраќајна незгода и се обидуваат да извлечат пари од жртвата така што за одредена сума би му помогнале на детето кое е во неволја.

-Измамниците на тој начин се обидуваат да ги злоупотребат повозрасните лица. Денес во градскиот паркот во Скопје успеавме да разговараме со голем број повозрасни лица и да ги информираме за таквите измами и модус операнди или начинот на работа на измамниците. Апелираме доколку некој добие таков повик е потенцијална жртва на таква измама, никако да не дава пари, да го прекине разговорот веднаш да ја повика полицијата на 112 или 192 и да ги извести и своите најблиски, апелираше министерот Тошковски.

Во првата половина на оваа година досега се пријавени вакви 16 настани а за период од пет години досега се расветлени 40 настани, при што се поднесени кривични пријави против 16 лица, за сторени 40 кривични дела „измама“, додека за останатите настани се преземаат мерки за нивно расчистување и поднесување на соодветни кривични пријави.

Во паркот, како што е наведено во соопштението од МВР, дошле и полициските службеници Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиевски – хероите кои вчера ја спасија жена во водите на реката Вардар. Министерот на средбата со нив уште еднаш ја потенцирал важноста на полицијата и нејзината вистинска сила и влијание врз животот и благосостојбата на граѓаните се гледа во најтешките човечки моменти.

-Херојските дела како вашето, кога директно се спасува човечки живот е повеќе од службено постапување, тоа е вистинска пожртвуваност и посветеност кон мисијата да се чува безбедноста и сигурноста на секој граѓанин и целото општество, истакнал министерот Тошковски при честитките до двајцата полициски службеници за нивната херојска постапка.

Тој нагласил дека во рамките на законските можности тие ќе бидат наградени за нивната херојска постапка која е инспирација за сите нас унапредувањето на хуманиот аспект на нашите дела и постапки како обични луѓе и професионалци

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кандидатот за градоначалник на Карпош: Подземните гаражи во Карпош мора да ја добијат својата намена
Следна Статија Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Родители на починатите во пожарот во Кочани бараат појаснување на обвинението

Родители на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани ќе достават писмено барање за…

June 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЗОО Скопје: Нема простор за паника во врска со појавата на животинска туберкулоза кај поединечни животни

Зоолошка градина Скопје ја информира јавноста дека нема простор за паника во врска со неодамнешните информации за појава на животинска…

September 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Суспендирани се инспекторите од УЈП кои му кажувале на газдата на „Пулс“ кога ќе има контрола

Инспекторите од УЈП кои комуницирале со синот на газдата во кочанската дискотека „Пулс“ се суспендирани се додека трае постапката за…

October 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски на Криволак: „ВОЛЦИТЕ“ ги демонстрираа вештините

Денеска на армискиот полигон „Криволак“ беа демонстрирани вештините на припадниците на Баталјонот за специјални сили „Волци” кои заедно со своите…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?