Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филков: Јавното обвинителство повеќе нема да биде „затворена кутија“ зад која се кријат одлуки без објаснување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филков: Јавното обвинителство повеќе нема да биде „затворена кутија“ зад која се кријат одлуки без објаснување
МАКЕДОНИЈА

Филков: Јавното обвинителство повеќе нема да биде „затворена кутија“ зад која се кријат одлуки без објаснување

Објавено June 22, 2025 11:13
Сподели
Сподели

Министерот за правда Игор Филков во Интервју за МИА првата година од мандатот ја оценува како директна борба за враќање на основната функција на Министерството – да служи на правдата и на граѓаните.

Реформите вели дека ќе се случат, не поради тоа што некој од надвор така бара, туку затоа што граѓаните го заслужуваат тоа, нагласувајќи дека тоа значи крај на заштитени привилегии и почеток на вистинска правна еднаквост.

Динамиката на спроведување на реформите е интензивна, фокусирана и целосно усогласена со обврските што ги имаме преземено во рамките на Планот за раст на Западен Балкан. Свесни сме дека ова не е само технички процес, туку и стратешки момент за државата. Овие реформи значат конкретни бенефити за граѓаните – владеење на правото, поефикасна и праведна правда, и посилни институции. Имаме политичка волја и јасна цел – да го испорачаме она што е договорено и потребно. Роковите ги следиме дисциплинирано. Од 8 закони од Реформската агенда со рок до јуни 2025 година, 5 се испратени до Влада, а останатите се во финална фаза. Законот за Судскиот совет е во завршна фаза и очекувам да биде усвоен до крајот на месецот, како што и беше предвидено. Ова е клучен чекор за зајакнување на независноста и транспарентноста во судството. До крајот на годината не чека уште една важна задача – носењето на новиот Кривичен законик. Тоа не е само усогласување со европските стандарди, туку суштинска правна реформа која ќе ја модернизира казнената политика и ќе даде јасен одговор на организираниот криминал и корупцијата. Конечно ќе има јасни, остри и применливи одредби против корупцијата, злоупотребата на функција, организираниот криминал. Јас верувам во институциите и во нашиот капацитет да го испорачаме ова. Реформите не се само формалност – тие се одраз на нашата политичка волја, одговорност и визија за праведно општество“, потенцира Филков.

Што се однесува на Законот за Јавно обвинителство, тој е веќе подготвен, рокот за негово носење е декември.

„Таму правиме клучен чекор. Јавното обвинителство повеќе нема да биде „затворена кутија“ зад која се кријат одлуки без објаснување. Новиот закон ќе обезбеди отчетност, засилена контрола од јавноста, како и рамнотежа меѓу хиерархијата и професионалната слобода. Не сакаме обвинителство што калкулира, туку што постапува. Воведуваме систем за редовна и објективна евалуација на обвинителите, како и јасна линија на одговорност. И во овој закон, внимателно ги вградивме речиси сите клучни забелешки од Оценската мисија. Мојата цел е едноставна: да го вратиме правосудниот систем кај граѓаните. И токму преку овие закони почнуваме со тоа – со институции што се отчетни, професионални и неподложни на влијанија,”вели Филков.

Во интервјуто за МИА, министерот Филков се осврнува и на измените на Изборниот законик, барањата за екстрадиции, ресурсите во правосудството, дигитализацијата, примената на алките и др.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Грција забрани фестивал во Лерин затоа што се пееле и играле македонски песни и ора
Следна Статија Мицкоски: СДСМ ја понижи и ја клекна државата на колена, а денес зборува за понижена Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Африм Фидани избран за претседател на Врховен суд

Судскиот совет денеска го избра врховниот судија Африм Фидани за претседател на Врховен суд на Република Македонија. Фидани беше избран…

May 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Собранието без расправа донесе повеќе законски решенија, меѓу кои и на Законот за медиуми и на Законот за минимална плата

Собранието во рамките на денешната работата по дневниот ред на 44. седница без расправа донесе 19 законски решенија за изменување…

April 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова за Папата: Ќе го паметам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова се огласи по повод смртта на папата Франциск. Како што вели, ќе го памети…

April 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тенкови и хеликоптери од САД и од Грција пристигнаа на Криволак за најголемата воена вежба годинава

Тенкови, хеликоптери и припадници на воени сили од САД и од Грција пристигнаа вчера на Криволак за вежбата Immediate Response 25.…

May 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?