Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: „Скопје – град на слоеви, град на култура“ – проекти за Аквадуктот, Скупи, Чаршијата и Калето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски: „Скопје – град на слоеви, град на култура“ – проекти за Аквадуктот, Скупи, Чаршијата и Калето
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: „Скопје – град на слоеви, град на култура“ – проекти за Аквадуктот, Скупи, Чаршијата и Калето

Објавено October 11, 2025 13:21
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција го претстави еден од седумте столбови на неговата изборна програма – „Скопје – град на слоеви, град на култура“.

-Скопје е град што има историја, карактер и душа. Град што многу пати бил погоден, но секогаш успевал да се издигне, да се обнови и да продолжи напред. И секогаш, токму културата била таа што го чувала неговиот дух. Денес, кога зборуваме за иднината на Скопје, не зборуваме само за улици и инфраструктура. Зборуваме за тоа каков град сакаме да изградиме град што се развива, но не ја губи својата душа. Затоа, денеска ви претставувам уште еден од седумте столбови врз кои се темели мојата програма. Истиот е насловен „Скопје – град на слоеви, град на култура“. Културната стратегија за Скопје ја препознава слоевитоста на градот како негово најголемо богатство. Токму затоа, таа се темели на три клучни насоки: ревитализација на јавните простори, развој на културната инфраструктура и системска поддршка на културниот развој. Скопје е град што ја раскажува својата историја преку Скупи, Чаршијата, Калето и Аквадуктот. Тоа се симболи на историскиот и општествениот континуитет на нашиот град. Но мора да признаеме, овие места со години се запоставени. Аквадуктот пропаѓа, Скупи е заборавено, Калето без живот, а Чаршијата полека, но сигурно ја губи својата автентичност, рече тој.

Ѓорѓиевски нагласи дека време е културното наследство да престане да биде жртва на негрижа и да стане извор на гордост, енергија и нов живот.

-Време е тоа да се промени. Време е да го вратиме духот на Скопје. Време е културното наследство да престане да биде жртва на негрижа и да стане извор на гордост, енергија и нов живот. Аквадуктот ќе го претвориме во современ културен парк – со сцени за концерти, настани и фестивали, со уредени зелени површини и пешачки патеки. Ќе го изградиме и најдолгиот ѕид за мурали во Југоисточна Европа, како симбол на современата уметност и младинската енергија. Од запуштено место, Аквадуктот ќе стане новата визит-карта на урбаната култура во Скопје, потенцира Ѓорѓиевски.

Најави дека Археолошкиот локалитет Скупи ќе биде повторно вратен на јавноста преку негово целосно отворање, уредување и интегрирање во културниот живот на градот. -Планот предвидува културна активација на просторот преку театарски претстави, изведбени уметности, артистички и археолошки резиденции и фестивали, рече тој.

Ѓорѓиевски истакна дека Старата скопска чаршија, како едно од најзначајните културно-историски јадра на градот, ќе се уредува со почитување на сите обврски во однос на заштитата на културното наследство.

-Пристапот ќе вклучи унапредување на урбаното функционирање и унифициран изглед на тендите, со цел зачувување на автентичноста, но и отворање кон современи содржини. Историските објекти ќе се интегрираат во секојдневниот урбан живот, како јавна уметност, пренаменети простори за културни центри, пазари или уметнички работилници, создавајќи жив историски кварт кој ќе привлекува и странски и домашни посетители. Скопското Кале ќе го интегрираме како жив културен центар преку развивање на континуирани културни програми, адаптација на просторот и современо уредување што ќе ја нагласи неговата историска вредност. Со поставување на монтажни сцени и објекти за културни настани, Калето ќе се отвори за фестивали, концерти, театарски претстави, едукативни активности и изложби, со што оваа историска тврдина ќе ја спои меморијата на минатото со современата креативност, правејќи ја достапна и привлечна за сите генерации, изјави тој.

Најави дека ќе ја унапреди работата на МКЦ, кое е белег на културното и урбаното живеење во Скопје, како и на Музејот на град Скопје, Културно-информативниот центар, како и сите сите културни институции кои се под надлежност на Градот. Посочи дека Киното „Милениум“ ќе биде целосно реконструирано и повторно ставено во функција како мултифункционален културен објект.

-Скопје ќе стане град на фестивали, град што живее преку културата целата година. Системска поддршка ќе дадеме на реномирани скопски фестивали како „Skopje Jazz Festival“, „Skopje Calling“, „Пиволенд“, „Виноскоп“, „Баскерфест“, „Фестивал на светлина“, „Скопје танцува“, „Скопје Рок Револуција“, „Скопски филмски фестивал“ и други манифестации. Ќе го вратиме Скопскиот фестивал на забавна музика и ќе го оживееме меѓународниот фолклорен фестивал „Скопје“. Истовремено, Скопје мора да се отвори и кон меѓународната културна сцена, привлекувајќи странски уметници, продукции и културни мрежи, нагласи тој.

Ѓорѓиевски истакна дека сите овие чекори се дел од визијата Скопје да биде град на идеите, уметноста и луѓето – град со културна сила што ќе биде пример за целиот регион. -Зашто културата е инвестиција во иднината. А иднината на Скопје ја гледам како град што создава, инспирира и обединува, рече кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стојкоски: Пет капитални инвестиции во Ѓорче Петров
Следна Статија Македонец брутално убиен во Словенија – Георгиев бил удрен повеќе од десет пати во главата пред да почине

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

BlogБАЛКАНЗДРАВЈЕМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од 2 милијарди денари на Фондот за здравствено осигурување

Денеска на покана на директорот на Фондот за здравствено осигурување сме овде. Можевме да видиме каква е реалната состојба што…

September 26, 2024
ПОЛИТИКА

Тошковски: Барањето за оставка на ДУИ е легитимно, но манипулативно

По барањето на ДУИ за итна оставка и интерпелација на министерот за внатрешни работи поради полициската интервенција за време на…

November 30, 2024
ПОЛИТИКА

Нема операции на Кардиохирургија, дали министерот за здравство работи за приватните клиники, прашуваат од СДСМ

Според опозициската СДСМ, состојбата во македонското здравство е катастрофална. Како што оценуваат, неспопсбноста на власта, создаде таков хаос, што болниците…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

Стојаноска до Битиќи: Кажувавте бајки за „Едно општество за сите“ а водевте вазални политики, нема повеќе вработувања по етнички клуч

Во вечерашното издание на емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 ТВ гостуваше, Дафина Стојаноска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, и изрази силна…

October 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?