Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Повисоки стапки на раст од проектираните, понизок јавен долг и висока реализација на капитални инвестиции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Повисоки стапки на раст од проектираните, понизок јавен долг и висока реализација на капитални инвестиции
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Повисоки стапки на раст од проектираните, понизок јавен долг и висока реализација на капитални инвестиции

Објавено December 11, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска очекува дека 2024 година ќе заврши со многу повисока стапка на раст од проектираната, јавниот долг да биде понизок, реализацијата на капиталните инвестиции во следната година да биде висока, а да се реализираат и планираните приходи во буџетот. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во во Отворено студио на МРТВ на тема „Буџет 2025“ заедно со премиерот Христијан Мицкоски и бизнис заедницата.

„Ќе бидеме со многу повисока стапка на економски раст и ќе имаме и понизок јавен долг, кој на крајот на оваа година ќе биде под 62,7%, а на крајот на следната година 62,1%. Имајќи ги предвид корекциите во нагорна линија на БДП за 2024 и 2025 година тоа значи дека јавниот долг ќе биде понизок и од 62,1%. Со тоа покажавме дека работиме и дека кога сме посветени се консолидираме многу побрзо“, рече министерката.

Таа истакна дека следната година ќе има висока реализација на капиталните инвестиции, поткрепувајќи го со активностите што се реализираат на терен, како и активности кај проекти коишто претходно имале слаба реализација.

Потенцира дека освен усогласувањето на законите со европската директива за глобалниот минимален дано, во наредната година нема да има промена на даночни стапки и тоа не е предвидено ниту во Буџетот за 2025, ниту во Фискалната стратегија.

„Фокусот ќе ни биде на сивата економија и оттаму нема страв од аспект на наплата на приходите. Просторот во сивата економија е огромен којшто според некои неофицијални податоци е околу 40%, а имаме можности во законите да ги наплатиме. Пред неколку дена е објавен тендерот за е-фактура од што се очекува посериозна наплата на ДДВ и поголема координација и комуникација помеѓу институциите – УЈП, Царинска управа, Финансиска полиција токму во насока да ги детектираме слабостите на системот и да ги елиминираме сите оние дејствувања на компаниите во сивата зона“, рече министерката.

Таа додаде дека досега немало усогласување на податоците помеѓу Царинската управа и Управата за јавни приходи и се правела штета врз буџетот преку поврат на ДДВ заради што е направена контрола и врз основа на тоа е спречена злоупотреба на најмалку 2 милијарди денари од буџетски средства.

Министерката рече дека се детектирани работите, се анализираат детално и дека треба време за да се решат проблемите коишто не биле решени со години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петрушевски: ДУИ повторно поразена, креираа атмосфера на етнички тензии за да заштити криминалци како Груби
Следна Статија Претседателот Костадиновски обвини за политичко насилие, уцени и притисоци врз Уставниот суд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Фокусирани сме на зголемување на платите во образованието и во здравството

Ако не оваа среда, тогаш кон крајот на месецот Предлог-буџетот за 2025 година ќе се најде на владина седница, рече…

October 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Не ви е јасно нешто за пензијата? Од сега граѓаните може да се информираат во ПИОМ на бројот 02/ 15 215

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување информира дека граѓаните можат да се информираат преку повикувачкиот број 02/ 15 215 во…

July 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: 450 камиони од Македонија не може да ја загрозат европската економија

„450 камиони од Македонија не може да ја загрозат европската економија, ЕУ треба да покаже вистински како седи зад своите…

January 28, 2026
ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Во Македонија ќе се возат српски електрични локомотиви

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки Србија Карго денеска соопшти дека склучило договор со Железницата на Македонија – Транспорт…

September 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?