Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Правда за Фросина, порачаа илјадници граѓани на масовниот протест за правда и безбедност во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Правда за Фросина, порачаа илјадници граѓани на масовниот протест за правда и безбедност во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Правда за Фросина, порачаа илјадници граѓани на масовниот протест за правда и безбедност во Скопје

Објавено February 2, 2025 21:20
Сподели
Сподели

Илјадници граѓани денеска во Скопје се собраа на мирен протест изразувајќи ја својата поддршка за Фросина Кулакова и сите жртви од сообраќајни незгоди. Извикувајќи во еден глас граѓаните, меѓу другото, побараа „правда за Фросина“, „правда за жртвите“, „оставка“ и „затвор за Васил“.


Протестот започна на булеварот „Партизански одреди“, на местото каде што беше прегазена Фросина кај Универзална Сала, продолжи преку Собранието и Јавното обвинителство, до Кривичниот суд. На секоја точка, граѓаните оддава почит на Фросина со триминутно молчење.

Низ толпата можеа да се забележат најразлични транспаренти како „Безбедноста е право, не привилегија“, „Нема веќе неказнивост“, „Прошка нема, правда мора да има, доста е“,„Не умираме од несреќа, умираме од корупција“, и „Нема правда, нема мир“, преку кои граѓаните изразија, револт и надеж за промени.

Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, кој заедно со семејството беше присутен на протестот, на крајот се заблагодари на поддршката порачувајќи дека да не биле граѓаните, случајот со Фросина досега ќе бил затворен.

-Сакам да ми верувате дека да не беше притисокот од јавноста, случајот Фросина веќе ќе беше ставен во фиока, рече тој.

На протестот под мотото „Кој е следен?”, граѓаните порачаа „Вратете ѝ го боите на Фросина“ за 22-годишната модна дизајнерка од Неготино која беше прегазена на пешачки премин од страна на дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин.

На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.

Ова е втор протест откако граѓаните во Скопје одржаа мирен собир и во петокот, кога запалија свеќи и положија цвеќе пред фотографијата на Фросина поставена на местото каде што таа беше прегазена. Преку написите како „Врските не враќаат човечки живот“ и „Не е несреќа, туку убиство“ тие и тогаш маршираа до Собранието и Кривичниот суд и побараа одговорност од институциите за Фросина и за сите жртви во сообраќајни незгоди.

Мирен собир деновиве се одржа и во Неготино, родниот град на Фросина, како и во Кавадарци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Французите преку Португалија до бронзен медал на СП
Следна Статија Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица: Уапсените фалсификувале евра и ги пуштале во промет!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Секој граѓанин лани создал по 438 килограми комунален отпад

Вкупното количество собран комунален отпад во државава во 2024 година изнесува 637.471 тон и споредено со 2023 година, бележи зголемување…

April 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во убедливо водство

Од 10 до 27 јуни анкетарите на агенцијата Маркет вижн, по нарачка на порталот МКД.мк, спроведоа истражување на јавното мислење во…

July 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски и Коцевски потпишаа Протокол за подобрување на соработката помеѓу МВР и Јавното обвинителство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Јавниот обвинител на Македонија Љупчо Коцевски денеска потпишаа нов Протокол за соработка помеѓу…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кавадарци добива современ затворен базен со спа центар, Мицкоски и Јанчев извршија увид

Кавадарци добива современ затворен базен со спа центар, проект кој претставува значаен чекор напред за спортско-рекреативниот и туристичкиот развој на…

January 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?