Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: Ако станам кандидат за градоначалник на Скопје, очекувам победа во првиот круг
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски: Ако станам кандидат за градоначалник на Скопје, очекувам победа во првиот круг
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Ако станам кандидат за градоначалник на Скопје, очекувам победа во првиот круг

Објавено February 8, 2025 14:03
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека ако биде кандидат за градоначалник на Скопје, очекува победа уште во првиот круг и дека ова го базира врз поддршката што ја добива од граѓаните и врз резултатите што досега ги постигна како градоначалник на Кисела Вода.

Во интервју за неделникот „Фокус“ Ѓорѓиевски зборува за неговата досегашна работа, за визијата за Скопје и можноста да се кандидира за градоначалник на главниот град. 

– Ако станам кандидат за градоначалник на Скопје, очекувам победа во првиот круг. Како што кажа и претседателот на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ, во следниот период ќе бидат спроведувани анкети, на кои, освен мене, претпоставувам дека ќе бидат и другите скопски градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, но секако ќе има и други личности што ќе бидат анкетирани. Јас, мојата амбиција, со оглед на тоа што сум претседател на ЗЕЛС, ја изразив уште пред повеќе од една година. Сметам дека доста сработив во општината, дека имаме резултати позади себе, енергија, тим… Но, пред сѐ, имам и концепт како треба Скопје да изгледа во перспектива, како градот треба да се среди за релативно кратко време. Мислам дека и тоа изминатиов период го поздравуваат и граѓаните од кои ја добивам сериозната поддршка. Така што, не ја криев ни во минатото, ниту сега амбицијата за градоначалник на Скопје, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски. 

Во интервјуто, тој го истакна проблемот со јавниот превоз како еден од најгорливите за Скопје и предложи конкретно решение – изградба на лесно метро, но се фокусираше и на потребата од постоење на комунална полиција за подобрување на хигиената и јавниот ред во градот, како и за планот Дрисла да стане биоцентрала. Говорејќи за потребата од стабилен енергетски систем во Скопје, најави иницијатива за изградба на гасна централа, која како што истакна, би била вистинското решение.

-Тоа што недостасува во Градот и треба да се работи до крај е гасификација на Скопје и гасна централа, која треба да се изгради во Скопје, а според мене, една од најдобрите позиции за тоа е „Охис“. Ако се дејствува организирано, градската власт, во соработка со општините, кои навремено ќе дејствуваат, ќе отстрануваат депонии, ќе создаваат зелени површини и ќе ги пошумуваат, и ако централната власт се приклучи кон процесот, овозможувајќи гасификација и изградба на гасна централа, мислам дека енормно ќе се намали загадувањето во главниот град-рече Ѓорѓиевски.

Во интервјуто тој се осврнува и на неговата работа како градоначалник на Кисела Вода, истакнувајќи дека за три години речиси целосно ја реализирал својата програма. Покрај концептот за тоа како треба Скопје да изгледа во перспектива и како градот може да се среди за релативно кратко време, говореше и за состојбите и заложбите на ЗЕЛС, за локалната самоуправа, за територијалната организација, за децентрализацијата, за проектите што општините треба да ги изготват и да аплицираат со капитални проекти за вториот повик за финасиска поддршка од Владата и на други теми поврзани со внатрешната политика во државата и судството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прометот на маркетите по вчерашниот бојкот намален за 22 проценти
Следна Статија Протестен марш во Неготино – го предводат другарките на Фросина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Перински: Нема законска можност општините да финансираат албанска академија на науките

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во интервју за МИА, коментирајќи ги најавите на четирите општини Тетово, Гостивар, Желино и…

October 19, 2024
ПОЛИТИКА

Докторот Александар Трајановски ќе биде нов потпретседател на СДСМ

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти дека ќе го предложи д-р Александар Трајановски за нов потпретседател на партијата. Предлогот…

November 13, 2025
ПОЛИТИКА

Доста е со кружење и нервози, време е за ред и за слободни тротоари, Аеродром ќе биде најповрзаната општина, најави Ѓорѓиевски

На вчерашниот народен митинг во Аеродром во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето…

October 17, 2025
ПОЛИТИКА

Пешевска: Бевме сведоци како се бираа уставни судии, партиски полтрони, јавни обвинители, резултатите од таквиот начин на избор ги гледаме сега

За реформите во судството ние седум-осум години во Собранието апелиравме многу како пратеници. Јас во тие два мандати учествував во…

February 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?