Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АНБ: Почнува примената на полиграфско тестирање, полиграфот и полиграфското тестирање во служба на интегритетот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > АНБ: Почнува примената на полиграфско тестирање, полиграфот и полиграфското тестирање во служба на интегритетот
МАКЕДОНИЈА

АНБ: Почнува примената на полиграфско тестирање, полиграфот и полиграфското тестирање во служба на интегритетот

Објавено February 14, 2025 14:18
Сподели
Сподели

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) денеска соопшти дека почнува со примена на полиграфско тестирање.

Полиграфското тестирање ќе се применува како задолжителен чекор во процесот на селектирање лица за вработување, во постапките за проверка на професионалниот интегритет на вработените, при вршење на безбедносни проверки за кои е надлежна Агенцијата, како и во сите други случаи во согласност со Законот за Агенција за национална безбедност.

Во соопштението се посочува дека законската обврска за примена на полиграфско тестирање е предвидена со основањето на Агенцијата во 2019 година, но поради неспроведување на истата во претходните пет години, негативните реакции и критиките од страна на стручната јавност не изостануваа.

– Директорот на Агенцијата за национална безбедност во јавните излагања даде ветување дека со сигурност настапува период на исполнување на неспроведената законска обврска, со цел постигнување највисоки стандарди на интегритет, доверба и професионалност во работењето. Со воведување на полиграфско тестирање во Агенцијата истовремено се остварува даденото ветување и целосно се исполнува предвидената законска обврска, соопштија од АНБ.

Се додава дека Агенцијата за национална безбедност ракува со информации од највисоко ниво на доверливост.

– Примената на полиграфот претставува метод за проценка што ќе овозможи селекција на кадар кој ги исполнува највисоките етички и професионални критериуми за работа, проверување на безбедносната подобност на вработените и минимизирање на ризиците од евентуални компромитирачки активности што би ги загрозиле безбедносните интереси, појаснуваат од АНБ.

Со примената на полиграфското тестирање, велат од АНБ, правиме значителен чекор кон градење доверба, унапредување на безбедносните практики и стандарди и создавање средина во која интегритетот и професионалноста ќе бидат основни принципи на работењето на Агенцијата за национална безбедност. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Министерство за правда достави допис до Влада за предлог разрешување на Коцевски
Следна Статија Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе решителни контрамерки на американските царини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филков најави целосно ресетирање на судството

На судството му се подготвува темелно ресетирање, е заклучокот од конференцијата за „Јакнење на ефикасноста и независноста на судството во…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

„Ми ги следат децата“: Претседателот на ССМ ги обвини власта и пратеничката Дафина Стојаноска за големи злоупотреби

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска обвини дека е следен тој лично, а што е најлошо,…

February 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија, очекувам поддршка на Резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет во ЕП

Резолуцијата за Македонија што ја изгласа бугарскиот Парламент е навредлива и со неа во старт се оневозможува заедничкото чекорење низ…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со честитка за Курбан Бајрам: Борбата за подобра иднина да бидат нашата заедничка водилка

Премиерот, Христијан Мицкоски, упати честитка  до пoглаварот на Исламска Верска Заедница, Реис Ул Улема Шакир ефенди Фетаху, по повод денешниот…

June 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?