Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: И свети ВМРО да е, ако некој направил грешка ќе одговара – вели Мицкоски за градоначалникот на Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > И свети ВМРО да е, ако некој направил грешка ќе одговара – вели Мицкоски за градоначалникот на Кочани
МАКЕДОНИЈА

И свети ВМРО да е, ако некој направил грешка ќе одговара – вели Мицкоски за градоначалникот на Кочани

Објавено March 18, 2025 13:22
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во повеќе институции се формираат работни групи за да се проверат сите издадени лиценци од државата.

– Да видиме колку лиценци се дадени. Второ, да видиме на кој начин се дадени, дали се дадени како на локалот во Кочани. Тој локал поседувал лиценца до денот пред пожарот, потпишана, печатирана. Да дошла инспекција и да провери, сопственикот ќе ја извадел лиценцата. Но, ако го погледнете архивскиот број и ја проверите архивата, како што сега ја проверува министерот за економија, ќе видите дека станува збор за некое барање од инвеститор од Охрид, а втората фалсификувана лиценца е со архивски број под кој е заведена комуникација со странски инвеститор. Не е проблем тука дали е некој политички заштитен, тоа е криминал, растурен систем. Тоа се поединци кои мислат дека се над системот и тие денес се во притвор – рече Мицкоски.

Тој повтори дека одговорност ќе има за трагедијата во Кочани каде во пожар загинаа 59 лица.

Нема горна граница на запретената казна за делото предизвикување општа опасност. Јас го слушнав обвинителот дека ќе ја бараат највисоката казна од 20 години затвор. Тоа нема да ги врати човечките животи, но ќе ни биде опомена никогаш да не ни се повторат овие работи. Да ни биде опомена дека она што го правиме денес може да има последици во иднина, а тие последици можат да бидат катасрофални. Сите ние имаме одговорност, ве повикувам на разум – рече Мицкоски.

Тој рече и дека ги разбира сите револтирани, но со анархија не се носи правда.

Во врска со одговорноста на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, премиерот Мицкоски рече дека ќе ја утврдат надлежните органи.

– Ако вие мислите дека тој е ВМРО, па затоа ние ќе го штитиме, се лажете. Никого не штитиме, свети ВМРО нека е, и моја родена сестра, брат да ми е, ако направил грешка, ќе одговара. Кривична одговорност ќе има за сите. А ако е потребна за морална и политичка одговорност, тука сум јас, прво да ги поразам овие, па ќе одиме на избори каде граѓаните ќе кажат кој треба да понесе одговорност – додаде Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се повеќе граѓани од странство нудат бесплатно сместување и превоз за семејствата на повредените во пожарот во Кочани
Следна Статија Од денеска испраќање пациенти во Италија, Холандија и Белгија, лекарски тимови од Чешка и Израел во земјава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонска пошта тоне во загуби и долгови, а директорите лани си ги зголемиле платите

Континуираните загуби негативно се одразуваат на тековното и идно работење на друштвото, не овозможуваат негов развој и го доведуваат во…

November 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Од март во Скопје ќе се изнајмуваат електрични автомобили, во просек ќе биде од три до шест евра

Писмо за намери за поддршка на првиот проект за 100-проценен електричен кар-шеринг, односно систем за споделување електрични возила, на словенечката…

December 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Раде Трајковски – Штекли однесен на Клинички поради здравствени проблеми

Раде Трајковски познат како Штекли денеска се пожалил на здравствени проблеми во затворот „Скопје“, поради што бил однесен во Клиничкиот…

May 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ирска е земја со најмоќниот пасош во светот, Македонија е на 81 место

Рангирањето на „Nomad Capitalist“ за 2025 ја смести Ирска како држава со најмноќниот пасош во светот. Македонија на оваа листа…

April 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?