Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФФМ ја казни Шкендија пет меча без публика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ФФМ ја казни Шкендија пет меча без публика
СПОРТ

ФФМ ја казни Шкендија пет меча без публика

Објавено April 5, 2025 17:39
Сподели
Сподели

Дисциплинската комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика.

Одлуката е донесена поради недолично однесување на навивачите и непочитување на минута молк во рамки на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера од 25. коло во Прва МФЛ одигран минатиот викенд.

Дополнително, клубот ФК Шкендија е санкциониран со парична казна во износ од 5.000 евра поради лоша организација на натпреварот.

Дисциплинската комисија, исто така, донесе одлука делегатот на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера, Гоце Шоповски од Струга да се суспендира на шест месеци од извршување на каква било функција во фудбалот поради непочитување на пропишаните организациски протоколи.

ФФМ во вакви или слични случаи нема да биде толерантна кон ниту еден клуб и очекува максимална одговорност од сите клубови и официјални лица. Делегатите на натпреварите имаат јасно пропишани протоколи и сите потребни инструменти за делување во вакви ситуации. ФФМ им дава целосна поддршка во нивната примена и одлучност при постапувањето.Расистичко, националистичко или каков било облик на навивање нема да се толерира и ќе биде строго санкционирано согласно важечките регулативи“, соопшти ФФМ.

Шоповски на натпреварот во Тетово не дејствуваше во врска со однесувањето на навивачите и не постапи според протоколите за организација на натпревари, кои предвидуваат празнење на трибината во вакви случаи.

ФК Шкендија добива автоматска казна во паричен износ од 1.000 евра поради спречување на официјален снимател да ја извршува својата работа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На лекување во странство 69 пациенти, нема промена во нивната состојба- во Скопје 15 стабилни пациенти
Следна Статија Швајцарската претседателка: Воведувањето царини од страна на САД е повик за будење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Симеоне негодува за двата досудени пенали

– Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се осврна на пеналите досудени синоќа на ремито 1:1 со Арсенал во првиот натпревар…

April 30, 2026
СПОРТ

Jaмал на потпишување на договорот дојде со баба му

18-годишниот Џамал Јамал се појави во просториите на клубот рака под рака со својата баба Фатима! Да, добро прочитавте –…

July 17, 2025
СПОРТ

„Ги навредуваше Србите и мене“: Ѓоковиќ објасни зошто не дал интервју на теренот по победата над Лехечка (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по победата над Јиржи Лехечка (3:0) во четвртото коло на Австралија опен, не даде интервју на…

January 19, 2025

Грчките медиуми ја признаваат надмоќта на РК Охрид против Олимпијакос

Во првиот клучен меч во четвртфиналето, против тим со голем буџет и еден од фаворитите за титулата, „црвено-белите“, кои настапија…

March 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?