Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Растот на индустриското производство за март е 5,2 отсто на годишно ниво споредбено со лани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Растот на индустриското производство за март е 5,2 отсто на годишно ниво споредбено со лани
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Растот на индустриското производство за март е 5,2 отсто на годишно ниво споредбено со лани

Објавено April 30, 2025 19:35
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски ја поздрави и оцени како одлична вест информацијата за раст на индустриското производство за март од 5,2% на годишно ниво, споредено со март 2024 година.

-На пат од Валенсија кон Скопје, добив одлична вест во авион: раст на индустриското производство за март од 5,2% на годишно ниво, споредено со март 2024 година и после долго време раст на индустриското производство на квартално ниво. Имено, во првиот квартал од 2025 споредено со првиот квартал од 2024 година, индустриското производство порасна за 2%. Посебно радува фактот што расте преработувачката индустрија во март за 4,8%, а во првиот квартал за 3,6%., вели Мицкоски.

Тој, како што информира владината прес-служба, во статус на Фејсбук, појаснува дека како Влада наследиле голем пад на индустриското производство и тешка рецесија на индустријата.

-Во вториот квартал од 2024 година, индустриското производство паѓаше со -7%, а индустријата беше во тешка рецесија. Следеа два квартали на стабилизација и конечно имаме во првиот квартал од 2025 година раст на индустриското производство, во исклучително сложени услови за европската економија и автомобилската индустрија. Ова се солидни индикатори и инспирација да продолжиме со дисциплинирани и развојни економски политики. Горда Македонија е богата Македонија, вели премиерот Мицкоски во врска со информацијата за раст на индустриското производство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари и Клековски им посакаа успех и среќа на специјализанти, 89 кандидати за вработување во 13 клиники на Клинички
Следна Статија Полицаец осомничен дека крадел струја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

По раскинувањето на договорот со „Марковски компани“ АД ЕСМ со најава, ќе преземе мерки пред судските органи од несовесното извршување на обврските

Откако актуелното раководство на РЕК Битола еднострано го раскина договорот за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина со „Марковски компани“,…

December 6, 2024
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Николоски: Интензивно се работи на трите автопатски делници

Интензивно се работи на трите автопатски делници во Македонија и тоа Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар и Гостивар –…

June 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Нашата економија е стабилна и многу отпорна

Со промената на власта се подобри и економијата – во првите два квартала од 2024 просечниот раст на БДП беше…

March 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

„Фајненс тинк“: Само 12 дејности во Македонија имаат плата над 1 000 евра

Вработените во само 12 дејности во земјава имаат плата над 1 000 евра. Ова на сликовит и прегледен начин го…

May 31, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?