Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Заврши средбата Мицкоски-Таравари: До крајот на мај ќе се знае иднината за функционирањето на АА во Владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Заврши средбата Мицкоски-Таравари: До крајот на мај ќе се знае иднината за функционирањето на АА во Владата
ПОЛИТИКА

Заврши средбата Мицкоски-Таравари: До крајот на мај ќе се знае иднината за функционирањето на АА во Владата

Објавено May 5, 2025 19:44
Сподели
Сподели

Во конструктивен дух заврши денешната средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и Арбен Таравари.

-Разговорите продолжуваат, во текот на овој месец ќе се знае иднината за функционирањето на Алијанса на Албанците на Таравари, брифираат од Владата.

Како што дознаваме на средбата премиерот ги потврдил веќе јавно изнесените позиции.

Мицкоски денеска пред средбата изјави дека генерално би сакал да слушне како размислува Таравари во делот на последните случувања кои се познати во јавноста.

-По мене има две опции за избор, едната опција е оваа која ја нуди оваа Влада на реформи, на промени, на испорака за граѓаните. Втората опција е онаа опција која години наназад, би рекол повеќе од две децении, ја криминализираше државата, ги уништуваше институциите и практично ја клекна државата и граѓаните. Тоа е изборот, нема трета опција, рече Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот посочи дека сака да слушне од Таравари која опција е за него.

-Што се однесува до моите лични односи со Таравари, во политиката ние комуницираме долго време. Како човек имам позитивно мислење за него, но во политиката образот е нешто што го имаш или го немаш. Тука нема флуидни варијанти. Или држиш до зборот или не држиш до зборот. Јас мислам во неговиот случај најмалку три пати сум покажал и сум го држел зборот. Имало моменти кога можеби имало дилема во рамките на раководството на партијата. Заткулисни игри се провидни игри, лесно се идентификуваат и препознаваат и најчесто ваквите заткулисни игри им се удираат од глава на оние кои ги прават, истакна Мицкоски.

„Никого во животов не сум молел, ниту па имам намера некого да молам. Со или без Таравари, Владата е стабилна, цврста, со големо мнозинство. Останува на него и неговите сопартијци да одлучат“, рече премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска Давкова за смената на Коцевски: Политички одговорно е да се остави органот да работи
Следна Статија Кокаин пронајден во гајби со банани во Норвешка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на новинарско прашање за време на неговата посета на Општина Кавадарци, во однос на тоа…

May 2, 2025
ПОЛИТИКА

Милошоски: СДС и ДУИ им подарија инструмент во рацете на Бугарија за блокада на патот кон ЕУ

Во вечерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски каде…

October 8, 2024
ПОЛИТИКА

Николоски: Предвремени парламентарни избори нема да има, Владата и мнозинството се стабилни

Предвремени парламентарни избори нема да има, граѓаните минатата година јасно ја изразија својата волја. Имаме стабилно мнозинство во Собранието, министрите…

April 28, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Поради притисок од власта ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата за Кочани

Родителите на починатите и повредените деца од Кочани јавно ги посочуваат виновниците во институциите, но поради политички притисок од власта…

June 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?