Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Билал Суџубаши по осум години на чело на Халкбанк АД Скопје заминува на нова функција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Билал Суџубаши по осум години на чело на Халкбанк АД Скопје заминува на нова функција
ЕКОНОМИЈА

Билал Суџубаши по осум години на чело на Халкбанк АД Скопје заминува на нова функција

Објавено August 27, 2025 16:45
Сподели
Сподели

По осум успешни години на чело на Халкбанк АД Скопје, главниот извршен директор Билал Суџубаши ја продолжува својата професионална кариера како прв човек на Halkbank Katilim во Турција. Одборот на директори на Халкбанк Туркије во мај оваа година донесе одлука за формирање партиципативна банка со филијали, назначувајќи го Суџубаши со неа да раководи во наредниот период.

Суџубаши е на чело на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје од 2017 година, а неговиот мандат лани беше продолжен за нови две години. Во текот на неговото раководење, Халкбанк ја зацврсти својата позиција на македонскиот банкарски пазар и се етаблираше како растечки и стабилен бренд што ја реализира својата глобална визија преку понуда на иновативни производи и услуги, паралелно со континуирано зголемување на довербата од страна на клиентите, што е најголемиот показател за успешноста.

Кога Суџубаши застана на чело на банката, на крајот на 2016 година активата на Халкбанк изнесуваше 582 милиони евра, а 2024 година банката ја заврши со актива од 1.852 милиони евра како резултат на органски раст, зголемена деловна активност и силна доверба на пазарот. Халкбанк денес е една од системски значајните банки во земјата која чекор по чекор се приближува до трите најголеми банки.

Банката изминатите години бележеше постојан раст на депозитната база и на кредитирањето, остварувајќи значајни профити. 2024 година банката ја заврши со кредитно портфолио од 1,17 милијарди евра што е за речиси 170 милиони евра повеќе од 2023, депозитна база од 1,325 милијарди евра, што е раст од 241 милиони евра и остварена нето добивката од над 30 милиони евра.
Халкбанк како предводник во дигитализацијата на банкарскиот сектор во земјава, во изминативе години посвети големо внимание и на воведување услуги базирани на новите технологии и меѓу првите воведе низа дигитални производи и иновации.

Халкбанк е и прв избор за новоформирани компании, препознатлива по својата иновативност и лидерска позиција во воведување нови услуги.

Под водство на Суџубаши, банката посвети и сериозно големо внимание на општествената одговорност и поддршка на заедницата, станувајќи препознаена како еко ориентирана институција и како банка која придонесува за отворање и решавање на низа општествени и социјални теми. Но, најважно од се, Халкбанк под неговото раководство стана препознаена како бренд и компанија која се води и функционира во согласност со својот слоган – ВАЖНИ СЕ ЛУЃЕТО.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Две девојки во Бугарија скокнале од воз во движење оти ја пропуштиле станицата, едната е во критична состојба
Следна Статија Данска го повика американскиот дипломат во Копенхаген поради сомнежи за тајни операции во Гренланд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Нова инвестиција на германската „Костал“ од 50 милиони евра и нови 250 вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ чии планови се…

November 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Уште два дена за вложување во граѓанската обврзница – Аукцијата ќе се одржи во петок

Заинтересираните граѓани за вложување во безбедниот иснтрумент – граѓанска обврзница издадена од државата имаат уште два дена за тоа. Запишувањето…

December 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Македонија може да ја искористи целата ситуација за да ги зацврсти односите со САД – ова може да биде шанса за македонската економија

Македонија од ова може да искористи, можеби ќе успееме да ги направиме уште поцврсти врските со Соединетите Американски Држави и…

April 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Словенија бара доктори, негуватели, медицински сестри, градежници, водоинсталатери од Македонија

Словенија бара работници од Македонија за потребите на тамошните компании Се бараат доктори, негуватели, медицински сестри и браќа, возачи, градежни…

December 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?